Насловна Актуелно Вести Јавен повик за избор на членови на Совет на МЗ Будинарци

Топло добредојде! Градоначалник на општина Берово Звонко Пекевски...

 

Јавен повик за избор на членови на Совет на МЗ Будинарци

Врз основа на член 50 став 1 точка 16 од Законот за локална самоуправа (Службен Весник на РМ бр.5/2002), а во врска со член 84 од Законот за локална самоуправа (Службен Весник на РМ бр.5/2002), Одлуката за распишување избор на членови на Совет на месна заедница на подрачјето на општина Берово Бр.08-548/1 од 13.02.2018 година и Одлуката за распишување избор на членови на Совет на месна заедница во село Будинарци Бр. 08-1428/1 од 26.04.2018 година, Градоначалникот на Општина Берово објавува:

ЈАВЕН ПОВИК ЗА

СВИКУВАЊЕ НА СОБИР НА ГРАЃАНИ

ЗА ИЗБОР НА ЧЛЕНОВИ НА СОВЕТ

НА МЕСНА ЗАЕДНИЦИ ВО С.БУДИНАРЦИ

 

1. Градоначалникот на општина Берово ги поканува жителите на с.Будинарци, да земат учество на собирот на граѓани за избор на членови на Совет на месна заедница во с.Будинарци.

2. Изборот за членови на Совет на меснaта заедница во село Будинарци ќе се спроведe на ден 14.05.2018 година (понеделник), со почеток во 20:00 часот, во просториите на салата на Месната заедница во с.Будинарци.

3. Постапката за предлагање, утврдување и избор на членови на Советите на месните заедници ќе ја спроведе Комисијата за спроведување на постапка за избор на членови на Советите на месните заедници формирана од страна на Градоначалникот на општина Берово.

 

Органи во состав на ЕЛС Општина Берово

 

 

 

 

Анализа на состојбите во социјалната заштита и социјалното вклучување на локално нивоПолитичко акциона и правна рамка за човекови права Како локалниот развој да има влијание на ситеУПАТСТВО ЗА ДОБИВАЊЕ НА ОДОБРЕНИЕ ЗА ГРАДЕЊЕ ЗА ОБЈЕКТИ КОИ ВО  РАМКИ НА ИПАРД ПРОГРАМАТА СЕ ГРАДАТ НА ГРАДЕЖНО  ЗЕМЈИШТЕ ЗА КОЕ Е ДОНЕСЕНА УРБАНИСТИЧКО-ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА

Стратегии