Насловна Актуелно Вести Избрани нови членовина Советот на МЗ Смојмирово

Топло добредојде! Градоначалник на општина Берово Звонко Пекевски...

 

 

 

Избрани нови членовина Советот на МЗ Смојмирово

Врз основа на Одлуката за распишување на избор на членови на Совет на месна зедница Бр. 08-1341/1 од 18.04.2018 година и јавниот повик за свикување на граѓани, во просториите на ООУ „Дедо Иљо Малешевски“ во Смојмирово, на 27 април се одржа Собир на граѓани со почеток во 20 часот.

Целта на собирот беше по истекувањето на мандатот на членовите на месната заедница, а во согласност со законските прописи во Република Македонија, да се номинираат и изберат нови членови на месната заедница во Смојмирово.

На собирот на граѓани присуствуваше и градоначалникот на општина Берово Звонко Пекевски кој истакна дека формирањето на месна заедница ќе придонесе кон поблиска соработка со месното население кое директно ќе ги дава своите предлози за надминување на проблемите со кои се соочуваат жителите што би значело и конкретни предлози за реализација на проекти од особена важност кои ќе ги подобрат условите за живеење во Смојмирово.

На собирот присуствуваше и комисија од вработените во локалната самоуправа кои ги изнесоа законските одредби при формирање на месна заедница која треба да брои од 3 до 7 члена и начинот и постапката за избор на истите.

Жителите на Смојмирово предложија 7 лица за членови на советот на месната заедница од кои 2 се изјасни дека не се согласуваат со кандидатурата, додека останатите 5 ја прифатија истата со што беше заклучено дека се исполнети законските одредби за членови на месната заедница.

 

Органи во состав на ЕЛС Општина Берово

 

 

 

 

Анализа на состојбите во социјалната заштита и социјалното вклучување на локално нивоПолитичко акциона и правна рамка за човекови права Како локалниот развој да има влијание на ситеУПАТСТВО ЗА ДОБИВАЊЕ НА ОДОБРЕНИЕ ЗА ГРАДЕЊЕ ЗА ОБЈЕКТИ КОИ ВО  РАМКИ НА ИПАРД ПРОГРАМАТА СЕ ГРАДАТ НА ГРАДЕЖНО  ЗЕМЈИШТЕ ЗА КОЕ Е ДОНЕСЕНА УРБАНИСТИЧКО-ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА

Стратегии