Насловна Актуелно Вести Јавен повик за избор на членови на Совет на МЗ Митрашинци

Топло добредојде! Градоначалник на општина Берово Звонко Пекевски...

 

 

 

Јавен повик за избор на членови на Совет на МЗ Митрашинци

Врз основа на член 50 став 1 точка 16 од Законот за локална самоуправа (Службен Весник на РМ бр.5/2002), а во врска со член 84 од Законот за локална самоуправа (Службен Весник на РМ бр.5/2002), Одлуката за распишување избор на членови на Совет на месна заедница на подрачјето на општина Берово Бр.08-548/1 од 13.02.2018 година и Одлуката за распишување избор на членови на Совет на месна заедница во село Митрашинци Бр. 08-1342/1 од 18.04.2018 година, Градоначалникот на Општина Берово објавува:

ЈАВЕН ПОВИК ЗА

СВИКУВАЊЕ НА СОБИР НА ГРАЃАНИ

ЗА ИЗБОР НА ЧЛЕНОВИ НА СОВЕТ

НА МЕСНА ЗАЕДНИЦИ ВО С.МИТРАШИНЦИ

1. Градоначалникот на општина Берово ги поканува жителите на с.Митрашинци, да земат учество на собирот на граѓани за избор на членови на Совет на месна заедница во с.Митрашинци.

2. Изборот за членови на Совет на меснaта заедница во село Митрашинци ќе се спроведe на ден 30.04.2018 година (понеделник), со почеток во 20:00 часот, во просториите на ООУ Дедо Иљо Малешевски Берово во с.Митрашинци.

3. Постапката за предлагање, утврдување и избор на членови на Советите на месните заедници ќе ја спроведе Комисијата за спроведување на постапка за избор на членови на Советите на месните заедници формирана од страна на Градоначалникот на општина Берово.

Бр.08-1342/2 ОПШТИНА БЕРОВО

18.04.2018 година Градоначалник

Берово Звонко Пекевски

 

Органи во состав на ЕЛС Општина Берово

 

 

 

 

Анализа на состојбите во социјалната заштита и социјалното вклучување на локално нивоПолитичко акциона и правна рамка за човекови права Како локалниот развој да има влијание на ситеУПАТСТВО ЗА ДОБИВАЊЕ НА ОДОБРЕНИЕ ЗА ГРАДЕЊЕ ЗА ОБЈЕКТИ КОИ ВО  РАМКИ НА ИПАРД ПРОГРАМАТА СЕ ГРАДАТ НА ГРАДЕЖНО  ЗЕМЈИШТЕ ЗА КОЕ Е ДОНЕСЕНА УРБАНИСТИЧКО-ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА

Стратегии