Велигденската прослава го наполни плоштадот во Берово
Насловна Актуелно Вести Велигденската прослава го наполни плоштадот во Берово

Топло добредојде! Градоначалник на општина Берово Звонко Пекевски...

 

Велигденската прослава го наполни плоштадот во Берово

Централната прослава на еден од најголемите христијански празници Велигден, и оваа година го наполни плоштадот „Димитар Беровски“ во Берово.

Како и секоја година на манифестацијата организирана од Општина Берово и домот на култура “Димитар Беровски“ од Берово најголемо внимание привлече традиционалниот избор на најцврсто Велигденско јајце во кој од пријавените 100 јајца на крајот победник беше Мартин Топаловски кој во финалниот меч го победи Ангел Биковски.

Велигденската прослава ја отвори градоначалникот на општина Берово Звонко Пекевски кој истакна дека Велигден ни дава радост и нова надеж, не поттикнува да ги надминеме поделбите, да создаваме добри дела и да се почитуваме зашто само сложни и обединети во овие празнички денови можеме да се избориме за подобра иднина и успех за сите нас.

Во културно-уметничката програма настапија сите групи во состав на КУД „Димитар Беровски“, како и староградскиот оркестар при домот на културата од Берово, додека истата беше затворена со настапот на младите музичари членови на групата “Тесна соба“

При прославата на Велигден, големо внимание привлекоа и изложбите на украсени велигденски јајца поставени од детската градинка и училиштата од Берово, додека во рамките на изборот за најубаво украсено велигденско јајце наградени беа Слободан Качулачки и Васко Касмски.

 

Органи во состав на ЕЛС Општина Берово

 

 

 

 

Анализа на состојбите во социјалната заштита и социјалното вклучување на локално нивоПолитичко акциона и правна рамка за човекови права Како локалниот развој да има влијание на ситеУПАТСТВО ЗА ДОБИВАЊЕ НА ОДОБРЕНИЕ ЗА ГРАДЕЊЕ ЗА ОБЈЕКТИ КОИ ВО  РАМКИ НА ИПАРД ПРОГРАМАТА СЕ ГРАДАТ НА ГРАДЕЖНО  ЗЕМЈИШТЕ ЗА КОЕ Е ДОНЕСЕНА УРБАНИСТИЧКО-ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА

Стратегии