Насловна Актуелно Вести Во недела на плоштадот во Берово ќе се одржи Велигденска прослава

Топло добредојде! Градоначалник на општина Берово Звонко Пекевски...

 

Во недела на плоштадот во Берово ќе се одржи Велигденска прослава

Општина Берово во соработка со Домот на култура “Димитар Беровски“ традиционално и оваа година по повод еден од најголемите Христијански празници “Велигден“ организира голема Велигденска прослава на плоштадот „Димитар Беровски“ во Берово.

Прославата на Велигден која ќе се одржи во недела на 08.04.2018 година, ќе биде со богата културно уметничка програма на која ќе настапат сите групи при КУД „Димитар Беровски“ како и Староградскиот оркестар кој функционира во рамките на домот на култура - Берово.

Традиционално, во склоп на прославата ќе се одржи и натпревар за најцврсто Велигденско јајце и најубаво украсено Велигденско јајце во кои можат да учествуваат сите граѓани.

Почетокот на програмата е од 12 часот.

Органи во состав на ЕЛС Општина Берово

 

 

 

 

Анализа на состојбите во социјалната заштита и социјалното вклучување на локално нивоПолитичко акциона и правна рамка за човекови права Како локалниот развој да има влијание на ситеУПАТСТВО ЗА ДОБИВАЊЕ НА ОДОБРЕНИЕ ЗА ГРАДЕЊЕ ЗА ОБЈЕКТИ КОИ ВО  РАМКИ НА ИПАРД ПРОГРАМАТА СЕ ГРАДАТ НА ГРАДЕЖНО  ЗЕМЈИШТЕ ЗА КОЕ Е ДОНЕСЕНА УРБАНИСТИЧКО-ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА

Стратегии