Општина Берово објавува оглас за финансиска поддршка на здруженија и фондации
Насловна Актуелно Вести Општина Берово објавува оглас за финансиска поддршка на здруженија и фондации

Топло добредојде! Градоначалник на општина Берово Звонко Пекевски...

 

 

Општина Берово објавува оглас за финансиска поддршка на здруженија и фондации

 

Врз основа на член 49 став 1, 2 и 3 од Законот за здруженија и фондации ("Службен весник на Република Македонија" бр.52/2010 и 135/2011), член 36 од Законот за локална самоуправа и член 19 од Статутот на Општина Берово (Сл.гласник на Општина Берово бр.13/02,18/07,30/08 и 20/10), а во согласност со усвоената Програма за поддршка на локалниот економски развој на Општина Берово за 2018 година со бр. 09-2909/1 од 05.12.2017 година и член 21 став 1 од одлуката за извршување на Буџетот на Општина Берово за 2018 година бр. Бр.09-2226/1 од 27.12.2017 година, и Одлуката за критериумите и постапката за распределба на средстава за финансирање на активности на здруженија на граѓани и фондациии од Советот на Општина Берово се распишува:

ОГЛАС

за финансиска поддршка на здруженија на граѓани и фондации од Буџетот на Општина Берово за 2018 година

 

Распределбата на средствата од Буџетот на Општина Берово за 2018 година (Г1 Програма за поддршка на локалниот економски развој на Општина Берово за 2018 година со бр. 09-2909/1 од 05.12.2017 година и член 21 став 1 од одлуката за извршување на Буџетот на Општина Берово за 2018 година бр. Бр.09-2226/1 од 27.12.2017 година Раздел 70201 – Општина Берово, Програма Г1 – Програма за подршка на локалниот економски развој на Општина Берово за 2018 година, ставка 463 – Трансфери до невладини организации) наменети за финансирање на програмските активности на здруженија и фондации, ќе се врши согласно добрите практики за финансиска поддршка на здруженија на граѓани и фондации, Г1 Програма за поддршка на локалниот економски развој на Општина Берово за 2018 година „Службен гласник на Општина Берово“ бр.3/17 од 04.12.2017 година, Одлуката за извршување на Буџетот на Општина Берово за 2018 година бр. Бр.09-2226/1 од 27.12.2017 година, и Одлуката за критериумите и постапката за распределба на средстава за финансирање на активности на здруженија на граѓани и фондации од Буџетот на Општина Берово за 2018 година бр.09-281/1 од 18.01.2018 година. Распределбата ќе се врши врз основа на Одлука на Советот на Општина Берово, на предлог на Комисијата за финансирање, буџет и локален економски развој формирана од Советот.

ПРЕЗЕМИ АПЛИКАЦИЈА

ПРЕЗЕМИ ПРИЈАВА

1. Видови на проекти кои ќе бидат поддржани

Средствата од Буџетот на Општина Берово во вкупен износ од 300.000,00 денари, ќе се користат за финансирање на програмските активности на здруженијата и фондациите, преку грантови за програми (проекти) на следниов начин:

Мерка 1: : Локален економски развој, туризам, заштита на животната средина, социјална кохезија, енергетската ефикасност и обновливите извори на енергија, образование и култура:

Опис на целите

I

Борба против корупцијата, владеење на правото, демократија, човекови права, добро владеење, социјална кохезија и локална самоуправа

II

Проекти од областа на здравството и здравиот начин на живот

III

Економски развој, одржлив развој, рурален развој, култура и традиции

IV

Млади, семејство и семејни вредности

V

Евроинтеграции

VI

Област на нови технологии, социјални медии, нови медиуми и ИТ технологии

Хоризонтален приоритет: јакнење на капацитетите за проектен менаџмент на здруженијата и фондациите

2. Временска рамка и вкупно предвидени/достапни средства

Средствата ќе се доделуваат согласно договорот на неколку дела за 2018 година. Рокот за реализација на проектот е 8 месеци од денот на потпишувањето на договорот со Општина Берово.

3. Основни организациски критериуми

Основни организациски критериуми кои треба да ги исполнуваат здруженијата и фондациите што учествуваат на овој оглас се:

  1. Да се регистрирани според Законот за здруженија на граѓани и фондации;
  2. Да спроведуваат активности од минимум една година;
  3. Да се занимаваат со активности и проекти од јавен интерес;
  4. Да не добиле средства или поднеле пријава од/до друг орган на државната управа или други извори за иста намена и активности за кои поднесуваат пријава, а што би значело двојно финансирање на истите активности од различни извори.
  5. Корисниците да дејствуваат на територијата на Општина Берово;
  6. Остварување на програмите и дејствувањето да се во рамките на Уставот и Законите на РМ;
  7. Предлог проектите да кореспондираат со Стратешките – развојни документи на Општина Берово.
  8. Предлог проектите да се од суштинско значење за подигнување на квалитетот на живеењето на граѓаните во локалната заедница во соодветните области.
  9. Апликантите да прикажат сопствено учество или кофинансирање од други извори во износoт од најмалку 10 % од вкупниот износ на буџетот на самиот проект.

4. Проценка на квалитетот на проектите

Проценката на квалитетот на проектите на здруженијата и фондациите кои ги исполнуваат основните организациски критериуми, ќе се врши врз основа на следните посебни програмски критериуми:

Области

Максимум бодови

1. Организациска структура и ресурси

30

1.1. Дали здружението и фондацијата има потребна организациска структура и човечки ресурси за спроведување на проектот (вработени, активни волонтери, хонорарно ангажирани лица)

10

1.2. Дали здружението и фондацијата располага со канцелариски простор и техничка опрема за спроведување на проектот

10

1.3. Дали годишниот буџет на здружението и фондацијата за последната календарска година ја надминува висината на грантот

10

2. Мрежно работење и соработка

10

2.1. Дали здружението и фондацијата во последните 3 години реализирале проекти во соработка со други граѓански организации или органи на државната управа

10

3. Квалитет на проектот

60

3.1. Колку општата цел на проектот ќе придонесе кон реализацијата на дадената приоритетна цел

10

3.2. Дали целта на проектот е јасно определена

10

3.3. Дали целната група е соодветно определена

10

3.4. Дали спроведувањето на активностите доведуваат до остварување на предвидените резултати во проектот

10

3.5. Дали планот за спроведување е јасен и остварлив

10

3.6. Дали предложениот финансиски план е реален (описот на трошоци по категории и позиции соодветствува на пазарните цени)

10

Секоја област од посебните програмски критериуми ќе се вреднува со 1, 5 или 10 бодови, со следното значење: 1-не; 5-делумно и 10-да.

1. Потребна документација која здружението / фондацијата треба да ја достави

Здруженијата и фондациите кои учествуваат на огласот треба да достават:

  1. Пријава за финансиска поддршка;
  2. Предлог – проект (апликација);
  3. Статут и решение за регистрација на здружението или фондацијата;
  4. Извештај за добиените средства од Буџетот на Општина Берово во изминатата фискална година и за начинот на нивната реализација(доколку сте користеле грант од претходната година)
  5. Годишен извештај и завршна сметка на здружението на граѓани или фондацијата за претходната година;

Здруженијата и фондациите не можат да поднесат повеќе од една пријава за финансиска поддршка по огласот. Во поднесената пријава, здруженијата и фондациите треба да се определени за една од понудените цели, во рамки на која ќе го реализираат проектот.

Напомена: Пријавите со непотполна документација или по истекот на предвидениот рок нема да се разгледуваат!

Доставените прилози не се враќаат.

5. Рокот и начин на доставување на пријавите

Рокот за поднесување на пријавите е најдоцна до 16.04.2018 година.

Пријавата со целокупната документација треба да се достави преку пошта, со назнака во горниот лев агол на ковертот за „Јавен повик по Одлука Бр. 09-281/1“ на адреса:

ОПШТИНА БЕРОВО ‐

Одделение за Локален економски развој,

ул. „Димитар Влахов“ бр. 10,

2330 Берово

или да се достават лично спакувани во коверт до архива на Општина Берово најкасно до 16.04.2018 до 15:00 часот.

Здруженијата и фондациите учесници на огласот ќе бидат известени за резултатите во рок од 10 дена од денот на донесување на Одлуката за распределба на средства од Буџетот на Општина Берово за 2018 година наменети за финансирање на програмски активности на здруженија и фондации и листата на прифатени (грантираните) проекти ќе биде објавена на официјалната страна на Општина Берово.

Пријавата за финансиска поддршка на здруженија и фондации, како и Образецот на Предлог-проектот се достапни на веб-страната на Општина Берово: www. berovo.gov.mk

Прашања за појаснување може да се поставуваат по електронски пат до Одделението за локален економски развој, на адреса so.berovo@t.mk. и на инфо денот кој ќе се организира на 02.04.2018 во просториите на Општина Берово во 15 часот.

Совет на Општина Берово

Комисија за финансирање,

буџет и локален економски развој

 

 

Органи во состав на ЕЛС Општина Берово

 

 

 

 

Анализа на состојбите во социјалната заштита и социјалното вклучување на локално нивоПолитичко акциона и правна рамка за човекови права Како локалниот развој да има влијание на ситеУПАТСТВО ЗА ДОБИВАЊЕ НА ОДОБРЕНИЕ ЗА ГРАДЕЊЕ ЗА ОБЈЕКТИ КОИ ВО  РАМКИ НА ИПАРД ПРОГРАМАТА СЕ ГРАДАТ НА ГРАДЕЖНО  ЗЕМЈИШТЕ ЗА КОЕ Е ДОНЕСЕНА УРБАНИСТИЧКО-ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА

Стратегии