Насловна Образование Основни училишта ОУ „Дедо Иљо Малешевски“

Топло добредојде! Градоначалник на општина Берово Звонко Пекевски...

ОУ „Дедо Иљо Малешевски“

Првата организирана форма на писменост и образование е тесно врзана со изградбата на првата црква во Берово, во 1818 година, која подоцна прераснува во женски манастир,,Свети Архангел-Михаил,,.Веднаш по изградбата на манастирската црква, почнуваат и подготовките за отварање на првото училиште, што отпочнало со работа во 1820 година. Изградбата на црквата и отворањето на првото училиште е поврзана со личноста на нашиот преродбеник Јоаким Крчовски. Во почетокот, училиштето работи како црковно, а со текот на времето, со разни преобразби, минува низ различни форми на граѓанско училиште. Така, после сите историски настани и збиднувања на овој дел од балканот и светот, на 27.11.1044 година започнува настава на македонски јазик.
Инаку, училиштето ,,Дедо Иљо Малешевски,, работи од 1953 година и тоа како четиригодишно училиште, а од 1956 поминува во основно осумгодишно училиште. Во текот на своето долгогодишно работење, низ  клупите на ова училиште поминале голем број генерации, кои денес се видни и чесни граѓани во општина Берово и во нашата држава.

Наставата во училиштето се изведува на македонски јазик. Во училиштето во учебната 2006/07се запишани вкупно 1058 ученици и тоа: во 4 ПУ подготвителна година се 24, во одделенска од I-IV 476 ученици во 31 паралелка и од V-VIII има 558 ученици во 31 паралелка. Самото училиште се наоѓа во центарот на Берово.

Основното училиште “Дедо Иљо Малешевски“ , денес опфаќа 7 подрачни училишта и тоа: основните училишта во селата Русиново, Будинарци, Митрашинци и Двориште со сите     одделенија, и основните училишта во селата Смојмирово, Владимирово, Ратево и Мачево со четиригодишните одделенија.

 

 

 

 

Анализа на состојбите во социјалната заштита и социјалното вклучување на локално нивоПолитичко акциона и правна рамка за човекови права Како локалниот развој да има влијание на ситеУПАТСТВО ЗА ДОБИВАЊЕ НА ОДОБРЕНИЕ ЗА ГРАДЕЊЕ ЗА ОБЈЕКТИ КОИ ВО  РАМКИ НА ИПАРД ПРОГРАМАТА СЕ ГРАДАТ НА ГРАДЕЖНО  ЗЕМЈИШТЕ ЗА КОЕ Е ДОНЕСЕНА УРБАНИСТИЧКО-ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА

Стратегии