Насловна Образование Основни училишта ОУ „Никола Петров - Русински“

Топло добредојде! Градоначалник на општина Берово Драги Наџински..

ОУ „Никола Петров - Русински“

Училиштето  ,,Никола Петров - Русински” е лоцирано е во центарот на с. Русиново. Го посетуваат ученици исклучиво од с. Русиново.

Според некои податоци, се наведува дека училиштето постоело  и работело уште во втората половина на минатиот и првата половина на овој век. По ослободувањето, како четиригодишо училиштето започало да работи во месец ноември 1944 година. Во првата година биле запишани 302 ученика. Во наредните три години , тоа прераснува во седумгодишно под името ,,Даме Груев”, а од 1974 година училиштето станува осумгодишно под денешното име. Новата училишна зграда била подигната 1947 година на два ката, со 12 училници, фискултурна сала, како и кујна со трпезарија.

Голем е бројот на учениците кои овде го завршиле основното образование и продолжиле да се школуваат на разни степени образование. Некои од нив денес се лекари, инжинери, професори и др. а има и 4 магистри и 6 доктори на науки.

Училишната бибилиотека располага со книжен фонд од околу 7802 книги. Се настојува да се осовремени наставата со сопствена грижа, но бидејќи училиштето се уште не располага со доволно современи нагледни средства, тоа треба што поскоро да се снабди со нив.

Воннаставните активности се одвиваат преку работата на секциите, преку кои се постигнати солидни резултати. Од нив најзабележителни се: литературната, музичката, играорната и спортската, која е најмасовна по број на ученици. Преку Подмладокот на Црвениот крст во училиштето се организираат бројни хуманитерни акции. За одбележување е акцијата за давање помош на гладните и настраданите деца од војната во Виетнам, а за таа акција е добиена сребрена плакета од Фондот за национално ослободување на Виетнам.

 

Училиштето и учениците редовно учествуваат на натпреварите на општинско, регионално и републичко ниво и постигнале видни резултати.

 

 

 

 

Анализа на состојбите во социјалната заштита и социјалното вклучување на локално нивоПолитичко акциона и правна рамка за човекови права Како локалниот развој да има влијание на ситеУПАТСТВО ЗА ДОБИВАЊЕ НА ОДОБРЕНИЕ ЗА ГРАДЕЊЕ ЗА ОБЈЕКТИ КОИ ВО  РАМКИ НА ИПАРД ПРОГРАМАТА СЕ ГРАДАТ НА ГРАДЕЖНО  ЗЕМЈИШТЕ ЗА КОЕ Е ДОНЕСЕНА УРБАНИСТИЧКО-ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА

Стратегии