Насловна Актуелно Вести ТППЕ Берово спроведува теоретска и практична настава за пожарникарите

Топло добредојде! Градоначалник на општина Берово Звонко Пекевски...

 

 

 

ТППЕ Берово спроведува теоретска и практична настава за пожарникарите

 

Во рамките на програмските активности за работа на ТППЕ Берово, во кругот на единицата се спроведе теоретска и практична настава на која присуствуваа сите вработени пожарникари.

Наставата се однесуваше на вежба со користење на машина за спасување на лица при сообраќајни незгоди во која беа користени ножици за сечење и раздвојување на конструкција од возило.

 

Дел од вработените пожарникари имаат посетувано и практична настава за користење на машината со што од страна на командирот на ТППЕ Димитар Букушовски беа пренесени и искуствата кои се добиени при овие обуки, како и насоки за правилно ракување и постапување при вакви незгоди.

Самата активност е дел од програмските активности на ТППЕ кои редовно се одржуваат во просториите на единицата и претставува една од превентивните мерки со кои се обучуваат вработените во извршувањето на своите работни активности со кои се зајакнува и оперативното е ефективното делување на пожарникарите, и ваквите вежби е предвидено да продолжат и во понатамошниот период.

 

 

Органи во состав на ЕЛС Општина Берово

 

 

 

Анализа на состојбите во социјалната заштита и социјалното вклучување на локално нивоПолитичко акциона и правна рамка за човекови права Како локалниот развој да има влијание на ситеУПАТСТВО ЗА ДОБИВАЊЕ НА ОДОБРЕНИЕ ЗА ГРАДЕЊЕ ЗА ОБЈЕКТИ КОИ ВО  РАМКИ НА ИПАРД ПРОГРАМАТА СЕ ГРАДАТ НА ГРАДЕЖНО  ЗЕМЈИШТЕ ЗА КОЕ Е ДОНЕСЕНА УРБАНИСТИЧКО-ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА

Стратегии