Се формираше месна заедница во Мачево
Насловна Актуелно Вести Се формираше месна заедница во Мачево

Топло добредојде! Градоначалник на општина Берово Звонко Пекевски...

 

Се формираше месна заедница во Мачево

Врз основа на Одлуката за распишување на избор на членови на Совет на месна зедница бр. 08-627/1 од 21.02.2018 година и јавниот повик за свикување на граѓани во просториите на ООУ „Дедо Иљо Малешевски„ ПУ с.Мачево - Берово, се одржа Собир на граѓани со почеток во 19 часот.

Целта на собирот беше по истекувањето на мандатот на членовите на месната заедниа, а во согласност со законските прописи во Република Македонија, да се номинираат и изберат нови членови на месната заедница во Мачево.

На собирот на граѓани присуствуваше и градоначалникот на општина Берово Звонко Пекевски кој истакна дека формирањето на месна заедница ќе придонесе кон поблиска соработка со месното население кое директно ќе ги дава своите предлози за надминување на проблемите со кои се соочуваат жителите што би значело и конкретни предлози за реализација на проекти од особена важност кои ќе ги подобрат условите за живеење во Мачево.

На собирот присуствуваше и трочлена комисија од вработените во локалната самоуправа кои ги изнесоа законските одредби при формирање на месна заедница која треба да брои од 3 до 7 члена и начинот и постапката за избор на истите.

Жителите на Мачево предложија 8 лица за членови на советот на месната заедница од кои1 се изјасни дека не се согласуваат со кандидатурата, додека останатите 7 ја прифатија истата со што беше заклучено дека се исполнети законските одредби за членови на месната заедница.

Во согласност со Одлуката за распишување избор на членови на совет на месна заедници на подрачјето на Општина Берово бр.08-548/1 од 13.02.2018 година, агендата за избор на членови на Месните заедници продолжува со собири на граѓани во Ратево (24.03.2018 год.) и Русиново (25.03.2018 год.)

 

Органи во состав на ЕЛС Општина Берово

 

 

 

 

Анализа на состојбите во социјалната заштита и социјалното вклучување на локално нивоПолитичко акциона и правна рамка за човекови права Како локалниот развој да има влијание на ситеУПАТСТВО ЗА ДОБИВАЊЕ НА ОДОБРЕНИЕ ЗА ГРАДЕЊЕ ЗА ОБЈЕКТИ КОИ ВО  РАМКИ НА ИПАРД ПРОГРАМАТА СЕ ГРАДАТ НА ГРАДЕЖНО  ЗЕМЈИШТЕ ЗА КОЕ Е ДОНЕСЕНА УРБАНИСТИЧКО-ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА

Стратегии