Насловна Актуелно Вести Градоначалникот оствари средба со претставници од бизнис секторот од Берово за поддршка на ОФК “Малеш“

Топло добредојде! Градоначалник на општина Берово Звонко Пекевски...

 

 

 

Градоначалникот оствари средба со претставници од бизнис секторот од Берово за поддршка на ОФК “Малеш“

На иницијатива на градоначалникот на општина Берово, а со цел подигање на спортските вредности и насочување на младите во спортски активности, во просториите на општина Берово се одржа состанок со претставници од бизнис секторот во Берово.

Целта на состанокот беше да се разгледаат можностите кои ги нудат законските измени во однос на исплата на Данок на добивка на правните субјекти во кои со најновите измени во Законот за спорт е предвидено дека правните субјекти можат да ја инвестираат својата добивка до 50 % во субвенционирање на спортски клубови кои се натпреваруваат на националните лиги во Македонија.

Оваа можност во Берово може да ја искористат со исплата на дел од добивката на ОФК “Малеш“ кој е единствениот клуб кој ги исполнува сите услови во согласност со стандардите и законските одредби и се натпреварува во третата фудбалска лига – Исток.

Според градоначалникот Пекевски, поддршката на ОФК “Малеш“ е од исклучително значење за Берово бидејќи им се нуди на младите перспектива и можност да бидат дел од фудбалскиот клуб, што дополнително би значело и нивно останување како жители на општина Берово и работници кои би работеле во правните субјекти токму во општината.

 

Органи во состав на ЕЛС Општина Берово

 

 

 

Анализа на состојбите во социјалната заштита и социјалното вклучување на локално нивоПолитичко акциона и правна рамка за човекови права Како локалниот развој да има влијание на ситеУПАТСТВО ЗА ДОБИВАЊЕ НА ОДОБРЕНИЕ ЗА ГРАДЕЊЕ ЗА ОБЈЕКТИ КОИ ВО  РАМКИ НА ИПАРД ПРОГРАМАТА СЕ ГРАДАТ НА ГРАДЕЖНО  ЗЕМЈИШТЕ ЗА КОЕ Е ДОНЕСЕНА УРБАНИСТИЧКО-ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА

Стратегии