Ќе се решава проблемот со водоснабдувањето во Двориште
Насловна Актуелно Вести Ќе се решава проблемот со водоснабдувањето во Двориште

Топло добредојде! Градоначалник на општина Берово Звонко Пекевски...

 

 

Ќе се решава проблемот со водоснабдувањето во Двориште

Во рамките на активностите на градоначалникот на општина Берово Звонко Пекевски за непосредна средба со жителите на населените места, на 12.02.2018 година се одржа средба со жителите на с.Двориште.

На средбата која беше иницирана од страна на градоначалникот присуствуваа и претставници од општинската администрација и претставници од ЈПКР “Услуга“ и имаше за цел разгледување на состојбите со водоснабдувањето во селото и решавање на горливиот проблем со недостатокот на вода во летните периоди и проблемот со квалитетот на водата која ја користат жителите.

Од страна на локалното население беа потенцирани проблемите со кои се соочуваат со што беше дојдено до заклучок дека треба да се најде итно решение со кое ќе се надмине овој проблем.

Градоначалникот и претставниците на општинската администрација ги изнесоа своите наредни активности во овој дел преку кои ќе се преземат директни мерки со изработка на проект и реализација на истиот во 2018 година.

Проектните активности од првата фаза ќе резултираат со изградба на захват на Еленска река на надморска височина од околу 1000 метри и доводен цевковод во должина од околу 4 километри до постоечкиот резервоар со што би се задоволиле потребите од доволна количина на вода и во летните периоди.

Првата фаза од активностите е планирано да опфати и чистење на самиот резервоар со што би се подобрил и квалитетот на самата вода и би се постигнале пропишаните норми во согласност со Правилниците за достава на техничко исправна вода за пиење во Република Македонија.

По завршувањето на овие активности, општината ќе преземе мерки за реализација на втора фаза на проектот која ќе ја опфати и водоводната мрежа во селото која ќе опфати чистење, реконструкција и доградба.

Органи во состав на ЕЛС Општина Берово

 

 

 

 

Анализа на состојбите во социјалната заштита и социјалното вклучување на локално нивоПолитичко акциона и правна рамка за човекови права Како локалниот развој да има влијание на ситеУПАТСТВО ЗА ДОБИВАЊЕ НА ОДОБРЕНИЕ ЗА ГРАДЕЊЕ ЗА ОБЈЕКТИ КОИ ВО  РАМКИ НА ИПАРД ПРОГРАМАТА СЕ ГРАДАТ НА ГРАДЕЖНО  ЗЕМЈИШТЕ ЗА КОЕ Е ДОНЕСЕНА УРБАНИСТИЧКО-ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА

Стратегии