Насловна Актуелно Вести Во Берово ќе се продолжи со имплементација на програмата РОМЕД

Топло добредојде! Градоначалник на општина Берово Звонко Пекевски...

 

 

 

Во Берово ќе се продолжи со имплементација на програмата РОМЕД

Подобрувањето на условите на живеење на Ромската заедница и вклучувањето во социјалниот живот во целата заедница е дел од Акционите планови за имплементација преку Програмата РОМЕД која ја спроведува Невладината Ромска организација “Сонце“ од Тетово.

Берово како една од 12-те општини од Македонија вклучени во оваа програма и понатаму активно учествува во реализација на проектни активности, со што во просториите на општина Берово се одржа координативен состанок на кој покрај градоначалникот Пекевски присуствуваа и претставници од Општина Берово и од невладината организација имплементатор на програмата.

На состанокот беа потенцирани предностите кои ги има програмата со што беа пренесени и конкретните активности кои се планираат во понатамошниот период во кој во средината на март е планирано да се потпише и Меморандум за соработка од страна на општината, по што во непосредни средби со координативно тело формирано од повеќе институции од Берово и заедницата, ќе се предложат и ќе се аплицира за проекти кои се од значење не само за Ромската популација од Берово туку и за останатите жители.

ROMED претставува програма која се спроведува на европско ниво, како иницијатавата на советот на Европа и Европската комисија.

Се пренесува во 22 земји и содражи 3 фази и има повеќе од 1000 медијатори. Се фокусира на Ромската заедница и нејзино учество во демократско управување преку медијација и градење на капацитет на лoкално ниво.

Во Р.Македонија како национална контакт точка е НВО Асоцијација за демократски развој на Ромите “Сонце“ – Тетово која досега ја спроведуваше програмата во 10 општини во Македонија и се започнува со имплементација во уште 2 општини со што се вклучени 12 општини во кои се работи на проекти за подобрување на условите за живот на заедниците.

 

Органи во состав на ЕЛС Општина Берово

 

 

 

 

Анализа на состојбите во социјалната заштита и социјалното вклучување на локално нивоПолитичко акциона и правна рамка за човекови права Како локалниот развој да има влијание на ситеУПАТСТВО ЗА ДОБИВАЊЕ НА ОДОБРЕНИЕ ЗА ГРАДЕЊЕ ЗА ОБЈЕКТИ КОИ ВО  РАМКИ НА ИПАРД ПРОГРАМАТА СЕ ГРАДАТ НА ГРАДЕЖНО  ЗЕМЈИШТЕ ЗА КОЕ Е ДОНЕСЕНА УРБАНИСТИЧКО-ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА

Стратегии