Насловна Актуелно Вести Општина Берово ги повикува институциите и фирмите да се пријават за учество на Работнички спортски игри

Топло добредојде! Градоначалник на општина Берово Звонко Пекевски...

 

 

 

Општина Берово ги повикува институциите и фирмите да се пријават за учество на Работнички спортски игри

Единицата на локалната самоуправа при Општина Берово организира „Работнички спортски игри во мал фудбал“ преку кои се крева спортскиот дух и се подобрува соработката помеѓу институциите во Општина Берово. 

Дозволено е учество на екипи само од институции или фирми. Пријавувањето е со екипа од максимум 10 играчи од една институција или фирма. Сите екипи се должни да достават список на играчи пред почетокот на ждребувањето. Само играчите кои што се наоѓаат на тој список ќе може да учествуваат на турнирот. Други играчи во текот на одигрување на  турнирот не се дозволени да учествуваат.

Во февруари 2018 година ќе се одржи овој традиционален спортски настан со натпреварување во мал фудбал. Општина Берово како домаќин на овој настан ги поканува сите заинтересирани јавни институции  и фирми  да се пријават доколку сакаат да земат учество на истиот. Пријавувањето трае до 12.02.(ПОНЕДЕЛНИК) 2018 година до 12 часот кога ќе се изврши и ждребувањето. Пријавите може да се поднесат на email  - neskevski@yahoo.com и alek.ruzinski@hotmail.com  или на:

Телефонските броеви ЗОРАН- 071 626 649  и  АЛЕК -078 271 818 како и лично во Општина Берово кај Александар Ружински и Зоран Нешкевски, кои се   одговорни лица за организација  од Општина Берово.

Општина Берово за најдобрите екипи на турнирот како и за најдобар играч и голман има обезбедено пригодни награди.

 

Органи во состав на ЕЛС Општина Берово

 

 

 

 

Анализа на состојбите во социјалната заштита и социјалното вклучување на локално нивоПолитичко акциона и правна рамка за човекови права Како локалниот развој да има влијание на ситеУПАТСТВО ЗА ДОБИВАЊЕ НА ОДОБРЕНИЕ ЗА ГРАДЕЊЕ ЗА ОБЈЕКТИ КОИ ВО  РАМКИ НА ИПАРД ПРОГРАМАТА СЕ ГРАДАТ НА ГРАДЕЖНО  ЗЕМЈИШТЕ ЗА КОЕ Е ДОНЕСЕНА УРБАНИСТИЧКО-ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА

Стратегии