Насловна Актуелно Вести Основана Локална акциска група “Малеш-Пијанец“

Топло добредојде! Градоначалник на општина Берово Звонко Пекевски...

 

 

 

Основана Локална акциска група “Малеш-Пијанец“

Следејќи ги Европските практики, во Делчево се одржа основачко собрание на кое присуствуваа градоначалниците и претставници од локалните самоуправи од Берово, Пехчево и Делчево, како и претставници од бизнис и невладиниот сектор од овие три општини кои ја поттикнаа иницијативата и ја основааа Локалната акциска група „Малеш-Пијанец“.

Според основачите основањето на оваа акциска група ќе допринесе за заедничко делување и развој на трите општини со што ќе се зголемат можностите за аплицирање и имплементација на заеднички проекти со кои ќе се допринесе до развој на регионот како една целина.

Собранието во Делчево беше почеток на регистрацијата на ЛАГ која покрај општините ќе вклучи и други претставници од невладиниот и бизнис секторот и е планирано да има своја канцеларија, вработени, структура и управен одбор кои ќе можат да аплицираат за финансиски средства со конкретни проекти.

Развојот на територијата на руралните заедници е согласно со принципот одоздола нагоре.Значи врз основа на реалните потреби и приоритетите искажани од сите засегнати страни на локално ниво се креираат политиките за развој и се имплементираат. Во изминатите две години засегнатите страни од микро регионот работеше на подготовка на стратегија за рурален развој во кој се дефинирани проиоитети за следниот период, мерки и насоки - истакна Јасминка Пашалиска-Андоновска- „Амброзија“- Пехчево

Формирањето на ЛАГ –от „Малеш Пијанец“ е согласно Лидер пристапот за поддршка на руралниот развој кој се имплементира воз емјите на ЕУ и Македонија како земја кандидат за ЕУ.

Органи во состав на ЕЛС Општина Берово

 

 

 

Анализа на состојбите во социјалната заштита и социјалното вклучување на локално нивоПолитичко акциона и правна рамка за човекови права Како локалниот развој да има влијание на ситеУПАТСТВО ЗА ДОБИВАЊЕ НА ОДОБРЕНИЕ ЗА ГРАДЕЊЕ ЗА ОБЈЕКТИ КОИ ВО  РАМКИ НА ИПАРД ПРОГРАМАТА СЕ ГРАДАТ НА ГРАДЕЖНО  ЗЕМЈИШТЕ ЗА КОЕ Е ДОНЕСЕНА УРБАНИСТИЧКО-ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА

Стратегии