Новогодишна честитка од градоначалникот Пекевски
Насловна Актуелно Вести Новогодишна честитка од градоначалникот Пекевски

Топло добредојде! Градоначалник на општина Берово Звонко Пекевски...

 

Новогодишна честитка од градоначалникот Пекевски

Почитувани сограѓани!

Пред нас е период на празнични денови кои ќе бидат исполнети со моменти со најблиските и оние што ги сакаме. Моменти кога празничната атмосфера не прави поблиски до нашите семејства и нашите пријатели.

 

Празниците се моменти кога се влева надеж и нова верба дека годината што престои ќе биде вредна за паметење. Празниците се време кога си посакуваме многу здравје, радост и среќа, спокој и разбирање но и можност да се потсетиме на вистинските вредности кои произлегуваат од нашите мисли и зборови, нашите дела и навики но и нашата иднина.

Драги мои пријатели, сограѓани, Малешевци!

Ви посакувам во Новата 2018 година да ги оствариме сите планови за подбар живот, да бидеме здрави и живи, вредни и успешни, заедно да се радуваме на секој успех. Да се радуваме на постигнатите успеси во школувањето, на проширеното семејство, на секоја веселба.

Ви посакувам убаво и пријатно расположение за време на Новогодишните и Божиќните празници.

Среќна Нова 2018 година!

Ваш Градоначалник,

Звонко Пекевски

 

Органи во состав на ЕЛС Општина Берово

 

 

 

 

Анализа на состојбите во социјалната заштита и социјалното вклучување на локално нивоПолитичко акциона и правна рамка за човекови права Како локалниот развој да има влијание на ситеУПАТСТВО ЗА ДОБИВАЊЕ НА ОДОБРЕНИЕ ЗА ГРАДЕЊЕ ЗА ОБЈЕКТИ КОИ ВО  РАМКИ НА ИПАРД ПРОГРАМАТА СЕ ГРАДАТ НА ГРАДЕЖНО  ЗЕМЈИШТЕ ЗА КОЕ Е ДОНЕСЕНА УРБАНИСТИЧКО-ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА

Стратегии