Насловна Актуелно Вести Општина Берово ќе започне со постапката за заловување на кучиња скитници

Топло добредојде! Градоначалник на општина Берово Звонко Пекевски...

 

Општина Берово ќе започне со постапката за заловување на кучиња скитници

Согласно законските прописи ЕЛС Општина Берово има законска обврска да врши заловување и третирање на кучиња скитници на територијата на општина Берово.

За таа цел е избран лиценциран оператор кој во текот на повеќе акции кои ќе бидат спроведени на територијата на нашата општина ќе ги заловува и третира кучињата скитници.

Затоа, се известуваат сопствениците на кучиња на територијата на општина Берово дека почнувајки од четврток 28.12.2017 ќе се врши ЗАЛОВУВАЊЕ на КУЧИЊА СКИТНИЦИ на територијата на градот и населените места.

ДОКОЛКУ СЕ ЗАЛОВИ КУЧЕ КОЕ ШТО ИМА СОПСТВЕНИК , ОСВЕН ТРОШОЦИТЕ ЗА ЗАЛОВУВАЊЕТО КОИ ЌЕ ГИ ПОДНЕСЕ САМИОТ СОПСТВЕНИК НА КУЧЕТО, ЌЕ МУ СЛЕДУВА И ГЛОБА СОГЛАСНО ЗАКОНОТ ЗА КОМУНАЛНИ ДЕЈНОСТИ, ОДЛУКАТА ЗА КОМУНАЛЕН РЕД И ЗАКОНОТ ЗА БЛАГОСОСТОЈБА НА ЖИВОТНИТЕ.

Поради тоа, во интерес на успешно спроведување на акциите за заловување на кучиња скитници АПЕЛИРАМЕ сите сопственици да ги ЧУВААТ своите кучиња и да се грижат за нив согласно законските прописи.

Закон за благосостојба на животните :

Член 27 став 3:

„Кучињата кога се на јавно место треба да бидат врзани на поводник, во придружба на нивните сопственици “

Член 28 став 5 :

„Трошоците за заловување и третман на регистрирани и нерегистрирани кучиња се на товар на сопствениците на кучиња ...“

Органи во состав на ЕЛС Општина Берово

 

 

 

 

Анализа на состојбите во социјалната заштита и социјалното вклучување на локално нивоПолитичко акциона и правна рамка за човекови права Како локалниот развој да има влијание на ситеУПАТСТВО ЗА ДОБИВАЊЕ НА ОДОБРЕНИЕ ЗА ГРАДЕЊЕ ЗА ОБЈЕКТИ КОИ ВО  РАМКИ НА ИПАРД ПРОГРАМАТА СЕ ГРАДАТ НА ГРАДЕЖНО  ЗЕМЈИШТЕ ЗА КОЕ Е ДОНЕСЕНА УРБАНИСТИЧКО-ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА

Стратегии