С О О П Ш Т Е Н И Е до граѓаните на Општина Берово
Насловна Актуелно Вести С О О П Ш Т Е Н И Е до граѓаните на Општина Берово

Топло добредојде! Градоначалник на општина Берово Звонко Пекевски...

С О О П Ш Т Е Н И Е до граѓаните на Општина Берово

Како резултат на големиот интерес во јавноста и информациите дадени од медиумите, за висината на тарифите на водните услуги, ЈПКР „Услуга“ Берово Ви го соопштува следното:

Според Законот за утврдување на цените на водните услуги, донесен од страна на Собранието на Република Македонија на 15.01.2016 година и објавен во Сл.весник на РМ бр.7/16 од 18.01.2016 година, постапката за утврдување на водните услуги ја врши Регулаторна комисија за енергетика на Р. Македонија.

Во согласност со Упатството за подготовка на Барањето за утврдување на тарифа за водна услуга до законски пропишаниот рок 15.09.2017 година, ЈПКР „Услуга“ Берово уредно достави Барања за утврдување на тарифи за трите водни услуги со бр.03-469/1 од 12.09.2017 година, кои ги дава на граѓаните на територијата на Општината: снабдување со вода за пиење, собирање и одведување на отпадни води и прочистување на отпадни води.

По разгледувањето на Барањата од страна на Регулаторната комисија за енергетика, истата достави Решенија со кои ги утврди просечните тарифи за вршење на водните услуги, како и минимален и максимален опсег изразен во проценти.

Со тоа процедурата за конечно утврдување на тарифите за водните услуги не е завршена, бидејќи е предвиден законски рок за приговори и жалби и крајната одлука за висината на тарифите за водните услуги треба да ја донесе Советот на Општина Берово.

 

ЈПКР „Услуга“ Берово навремено ќе ги информира граѓаните на Општина Берово за понатамошната постапка и конечните одлуки во однос на промените (зголемување, намалување и воведување на нова тарифа) на тарифите на водните услуги.

 

 

 

 

Анализа на состојбите во социјалната заштита и социјалното вклучување на локално нивоПолитичко акциона и правна рамка за човекови права Како локалниот развој да има влијание на ситеУПАТСТВО ЗА ДОБИВАЊЕ НА ОДОБРЕНИЕ ЗА ГРАДЕЊЕ ЗА ОБЈЕКТИ КОИ ВО  РАМКИ НА ИПАРД ПРОГРАМАТА СЕ ГРАДАТ НА ГРАДЕЖНО  ЗЕМЈИШТЕ ЗА КОЕ Е ДОНЕСЕНА УРБАНИСТИЧКО-ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА

Стратегии