Се одржа третата седница на Советот на општина Берово
Насловна Актуелно Вести Се одржа третата седница на Советот на општина Берово

Топло добредојде! Градоначалник на општина Берово Звонко Пекевски...

Се одржа третата седница на Советот на општина Берово

Третата седница на Советот на општина Берово се одржа на 05.12.2017 година (вторник) во салата за состаноци на Советот во општинската зграда.

На оваа седница после усвојувањето на дневниот ред и записникот од втората седница, советничката група на ВМРО-ДПМНЕ ја напушти работата, по што седницата продолжи со работењето само на советниците од советничката група на СДСМ.

Од предложениот дневен ред советниците ги усвоија Програмита за работа на општината за 2018 година, додека не ги усвоија Годишните извештаи за реализација на програмите за работа на општината од 2016 година.

Покрај овие точки се донесоа и решенија за именување на членови на Управен одбор на Домот на култура “Димитар Беровски“ – Берово со кое се именувани:

1.Звонко Скендерски

2.Јасмина Димовска,

3.Ангел Таковски,

4.Драги Костадиновски и

5.Светлана Бошначка,

како и решение за именување на членови на Управен одбор на ЈПКР “Услуга“ – Берово со кое се именувани:


1.Емилија Галабовска – Биљарска

2.Лидија Цикарска

3.Гоце Милошовски

4.Дарко Вакански и

 

5.Габриела Мачевска.

 

 

 

 

Анализа на состојбите во социјалната заштита и социјалното вклучување на локално нивоПолитичко акциона и правна рамка за човекови права Како локалниот развој да има влијание на ситеУПАТСТВО ЗА ДОБИВАЊЕ НА ОДОБРЕНИЕ ЗА ГРАДЕЊЕ ЗА ОБЈЕКТИ КОИ ВО  РАМКИ НА ИПАРД ПРОГРАМАТА СЕ ГРАДАТ НА ГРАДЕЖНО  ЗЕМЈИШТЕ ЗА КОЕ Е ДОНЕСЕНА УРБАНИСТИЧКО-ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА

Стратегии