Се скенираат можностите за соработка на бизнисмени од Општина Берово со бизнисмени од Унгарија
Насловна Актуелно Вести Се скенираат можностите за соработка на бизнисмени од Општина Берово со бизнисмени од Унгарија

Топло добредојде! Градоначалник на општина Берово Звонко Пекевски...

Се скенираат можностите за соработка на бизнисмени од Општина Берово со бизнисмени од Унгарија

Како дел од работењето на независно економско аташе кое работи во рамките на Унгарската Амбасада во Република Македонија, градоначалникот Пекевски во Берово оствари средба со Ервин Сел - економски советник во Амбасадата на Унгарија.

 

Целта на средбата беше запознавање со работењето на оваа Национална трговска куќа којашто функционира во Република Македонија и е прва од ваков тип отворена од страна на Унгарија во Западен Балкан и која има за цел подобрувањето на бизнис соработката и создавање на бизнис партнери помеѓу Македонија и Унгарија.

Посетата на Берово од страна на Ервин Сел беше запознавање со соработката која општината ја има со Унгарските општини, но пред се изнаоѓање на потенционални бизнис оператори коишто би можеле да остварат соработка со Унгарски бизнисмени во однос на размена на искуства но и работење во повеќе сфери.

 

Според Ервин Сел Општина Берово има огромни потенцијали со кои може да соработува со општините од Унгарија, особено во делот на земјоделието, туризмот и екологијата и врз база на своите скенирања и на покана на градоначалникот Пекевски во почетокот на 2018 година е разговарано да се оствари и средба со Амбасадорот на Република Унгарија во Македонија со што би се продлабочила заедничката соработка со општини од Унгарија и реализација на некои заеднички активности и проекти.

 

 

 

 

Анализа на состојбите во социјалната заштита и социјалното вклучување на локално нивоПолитичко акциона и правна рамка за човекови права Како локалниот развој да има влијание на ситеУПАТСТВО ЗА ДОБИВАЊЕ НА ОДОБРЕНИЕ ЗА ГРАДЕЊЕ ЗА ОБЈЕКТИ КОИ ВО  РАМКИ НА ИПАРД ПРОГРАМАТА СЕ ГРАДАТ НА ГРАДЕЖНО  ЗЕМЈИШТЕ ЗА КОЕ Е ДОНЕСЕНА УРБАНИСТИЧКО-ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА

Стратегии