Градоначалникот Пекевски присуствуваше на Форум за реафирмација на процесот на децентрализација
Насловна Актуелно Вести Градоначалникот Пекевски присуствуваше на Форум за реафирмација на процесот на децентрализација

Топло добредојде! Градоначалник на општина Берово Звонко Пекевски...

Градоначалникот Пекевски присуствуваше на Форум за реафирмација на процесот на децентрализација

Реафирмација на процесот на децентрализација беше темата на дискусија во рамките на форумот „Децентрализацијата повторно во фокус“ што во организација на Министерството за локална самоуправа, Мисијата на УНДП во Македонија и Делегацијата на ЕУ се одржа во Струга на 30.11 и 01.12.2017 година.

На Собирот во Струга беа присутни градоначалниците на општините во земјата меѓу кои и градоначалникот на Општина Берово Звонко Пекевски, претставници од ЕУ меѓу кои Амбасадорот на ЕУ во Македонија Самоел Жбогар и постојаниот координатор на ОН и постојан претставник на Програмата за развој на ОН Луиза Винтон, а како дел од предвидените активности свое обраќање и присуство во работниот дел имаше и премиерот Зоран Заев кој непосредно зборуваше за политиките на Владата по однос децентрализацијата, а истовремено и искуствата како поранешен градоначалник на Струмица.

Постојаната претставничка на УНДП во Македонија Луиза Винтон во оваа прилика потсети дека изминатите две децении доста е сторено во областа на децентрализацијата, но забележа дека се уште постојат предизвици во тој процес, пред се во делот на финансирањето и надградбата на човечките ресурси нопходни за спроведување на зацртаните цели.

 

Собирот во Струга беше прилика новите градоначалници да ги претстават своите идеи по процесот на децентрализацијата, да остварат непосреден дијалог со централната власт, како и да се запознаат со можностите и помошта што во процесот на децентрализација на власта има стојат на располагање од страна на УНДП и ЕУ.

 

 

 

 

Анализа на состојбите во социјалната заштита и социјалното вклучување на локално нивоПолитичко акциона и правна рамка за човекови права Како локалниот развој да има влијание на ситеУПАТСТВО ЗА ДОБИВАЊЕ НА ОДОБРЕНИЕ ЗА ГРАДЕЊЕ ЗА ОБЈЕКТИ КОИ ВО  РАМКИ НА ИПАРД ПРОГРАМАТА СЕ ГРАДАТ НА ГРАДЕЖНО  ЗЕМЈИШТЕ ЗА КОЕ Е ДОНЕСЕНА УРБАНИСТИЧКО-ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА

Стратегии