Насловна Актуелно Вести Се асфалтира ул.“11-ти Октомври“ во Берово

Топло добредојде! Градоначалник на општина Берово Звонко Пекевски...

Се асфалтира ул.“11-ти Октомври“ во Берово

Интензитетот на градежните активности преку кои се асфалтираат повеќе улици во Берово, продолжува и во текот на оваа недела.

Веќе интензивно се работи на асфалтирање на една од клучните сообраќајници во Берово, улицата “11ти октомври“ која покрај асфалтната конструкција со дебелина од 11 сантиметри од кои 7 сантиметри со асфалтен слој слој БНХС22 и 4 сантиметри со асфалтен слој БНХС11, комплетно е решен и проблемот со атмосферските води со изградба на нов систем.

Улицата се асфалтира во вкупна должина од 535 метри и широчина на коловозната лента од 6 метри и е дел од проектот “Рехабилитација и проширување на канализационата мрежа во Општина Берово“ како дел од осумте улици кои е превидено да бидат асфалтирани во должина од 2.145 метри.

Инаку проектот “Рехабилитација и проширување на канализационата мрежа во Општина Берово“,  општината го реализира преку Министерството за животна средина и просторно планирање на РМ, а е финансиран од ИПА Програмата на Европската Унија како проект од големо значење за општината.

 

Во проектот се опфатени сите позначајни улици во градот со што граѓаните ќе го почувствуваат бенефитот и ќе се реши големиот проблем кој се појавуваше при секој пороен дожд: полнење на семејните куќи со вода, излевање на вода по улиците , влага во подрумските простории. Со проектот се опфатение и населените места Владимирово, Смојмирово како соседната општина Пехчево.

 

 

 

 

Анализа на состојбите во социјалната заштита и социјалното вклучување на локално нивоПолитичко акциона и правна рамка за човекови права Како локалниот развој да има влијание на ситеУПАТСТВО ЗА ДОБИВАЊЕ НА ОДОБРЕНИЕ ЗА ГРАДЕЊЕ ЗА ОБЈЕКТИ КОИ ВО  РАМКИ НА ИПАРД ПРОГРАМАТА СЕ ГРАДАТ НА ГРАДЕЖНО  ЗЕМЈИШТЕ ЗА КОЕ Е ДОНЕСЕНА УРБАНИСТИЧКО-ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА

Стратегии