Насловна Актуелно Вести Во среда ќе се одржи втората седница на Советот на општина Берово

Топло добредојде! Градоначалник на општина Берово Звонко Пекевски...

Во среда ќе се одржи втората седница на Советот на општина Берово

Врз основа на член 39 став 2 од Законот за локална самоуправа („Сл.весник на РМ“ бр.5/2002), член 44 став 2 од Статутот на Општина Берово („Сл.гласник на Општина Берово“ бр.13/02, 18/07, 30/08 и 20/10) и член 57 став 1 алинеа 1 од Деловникот за работа на Советот на Општина Берово („Службен гласник на Општина Берово“ бр.18/07), Претседателот на Советот на Општина Берово донесе:

Р Е Ш Е Н И Е

Ја свикувам 2-та (втората) седница на Советот на Општина Берово на ден 15.11.2017 година (среда), со почеток во 10:00 часот со следниот:

Д н е в е н р е д:

1. Усвојување на Записник од 1-та седница на Совет на Општина Берово;

2. Предлог Одлука за измена на распоредот на средствата на Буџетот на Општина Берово за 2017 година;

3. Предлог План на програми за развој за 2018 – 2020 година;

4. Предлог Одлука за утврдување на критериуми за распределба на блок дотацијата од програмата H1 – Основно образование по училиштата во Општина Берово;

5. Предлог Решение за избор на претседател и членови на Комисијата за финансирање, буџет и локален економски развој;

6. Предлог Решение за избор на претседател и членови на Комисијата за урбанизам, комунални дејности и заштита на животната средина;

7. Предлог Решение за избор на претседател и членови на Комисијата за општествени дејности;

8. Предлог Решение за избор на претседател и членови на Комисијата за статут и прописи;

9. Предлог Решение за избор на претседател и членови на Комисијата за мандатни прашања, избор и именувања;

10. Предлог Решение за избор на претседател и членови на Комисијата за еднакви можности;

11. Предлог Решение за избор на претседател и членови на Комисијата за јавни дејности;

12. Предлог Решение за избор на претседател и членови на Комисијата за одбележување на празници и доделување на награди и признанија;

13. Предлог Решение за избор на претседател и членови на Комисијата за елементарни непогоди;

14. Предлог Решение за избор на претседател и членови на Комисијата за заштита на правата на пациентите;

15. Предлог Решение за разрешување на претставник на Општина Берово во Училишен одбор на ОСУ „Ацо Русковски“- Берово, по негово барање;

16. Предлог Решение за именување на претставници на Општина Берово во Училишен одбор на ОСУ „Ацо Русковски“- Берово;

17. Предлог Решение за именување на претставници на Општина Берово во Управен одбор на ОЈУДГ 23 Август Берово;

18. Предлог Решение за именување на претставници на Општина Берово во Управен одбор на Општинската јавна установа за социјална заштита на стари лица д-р Иван Влашки Берово;

19. Предлог Решение за именување на претставници на Општина Берово во Надзорен одбор на Општинската јавна установа за социјална заштита на стари лица д-р Иван Влашки Берово;

20. Барање на согласност за формирање на паралелки со помалку од 24 ученика за учебната 2017/2018 година во ОСУ Ацо Русковски Берово;

21. Извештај за работа на полициската станица од општа надлежност Берово за I полугодие од 2017 година

22. Барања од институции и граѓани;

23. Советнички иницијативи и прашања.

Бр. 09-2484/1 Совет на Општина Берово

07.11.2017 година Претседател

Берово Јован Матеничарски

 

 

 

 

 

Анализа на состојбите во социјалната заштита и социјалното вклучување на локално нивоПолитичко акциона и правна рамка за човекови права Како локалниот развој да има влијание на ситеУПАТСТВО ЗА ДОБИВАЊЕ НА ОДОБРЕНИЕ ЗА ГРАДЕЊЕ ЗА ОБЈЕКТИ КОИ ВО  РАМКИ НА ИПАРД ПРОГРАМАТА СЕ ГРАДАТ НА ГРАДЕЖНО  ЗЕМЈИШТЕ ЗА КОЕ Е ДОНЕСЕНА УРБАНИСТИЧКО-ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА

Стратегии