Насловна Актуелно Вести Поставена изложба на фотографии од Павлина Поповска во Музејот на град Берово

Топло добредојде! Градоначалник на општина Берово Звонко Пекевски...

Поставена изложба на фотографии од Павлина Поповска во Музејот на град Берово

“Можностите за нов почеток во Европа“ е името на изложбата чија поставка беше отворена во Музејот на град Берово како дел од соработката помеѓу Општина Берово, авторката Павлина Поповска и Министерството за култура на Република Македонија.

Изложбата е од хуманитарен карактер и е прва изложба од ваков карактер која ја прави авторката. Истата е направена во соработка со Даниел Смит, продуцент и режисер од САД, Гајатри (Клаудија Шмиерер) асистен за продукција и фотограф од Германија и Риад Гута, фотограф од Алжир.

-Чест и задоволство е што денеска овде во Музејот на град Берово сме со нашата сограѓанка Павлина Поповска која за прв пат во Македонија ја поставува изложбата “Можностите за нов почеток во Европа“ токму во Берово. Како општина морам да потенцирам дека во изминатата година имавме голем број на културни настани со што ја истакнуваме важноста од културните случувања во Берово како “Град на културата за 2017 година“ – истакна градоначалникот Пекевски.

-Целта на оваа изложба не беше само да се покаже колку им е тешко на луѓето кои поминуваат по овој пат, но и да почнеме да се прифаќаме како луѓе кои се поразлични од нас. Во текот на моето студирање во Лос Анџелес се сретнав со многу различни луѓе со различна религија и култура и едноставно научив дека различностите се добри и треба да се прифаќаме и да си помагаме. – истакна Павлина Поповска за време на отварањето на изложбата.

Првичната идеја за оваа изложба произлегува од идејата да се направи видео документарец преку кој ќе биде прикажан патот на мигрантите во делницата од Грција до Германија, и при изработката на овој видеозапис на која Поповска била ангажирана како кинематограф ги изработила фотографиите со што е дојдено и до самата изложба.

 

Инаку самата изложба е поставена во Музејот на град Берово како еден од културните настани кои се предвидени во рамките на проектот “Берово – град на култура 2017“.

 

 

 

 

Анализа на состојбите во социјалната заштита и социјалното вклучување на локално нивоПолитичко акциона и правна рамка за човекови права Како локалниот развој да има влијание на ситеУПАТСТВО ЗА ДОБИВАЊЕ НА ОДОБРЕНИЕ ЗА ГРАДЕЊЕ ЗА ОБЈЕКТИ КОИ ВО  РАМКИ НА ИПАРД ПРОГРАМАТА СЕ ГРАДАТ НА ГРАДЕЖНО  ЗЕМЈИШТЕ ЗА КОЕ Е ДОНЕСЕНА УРБАНИСТИЧКО-ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА

Стратегии