Насловна Актуелно Вести Градоначалникот Пекевски на увид на градежните активности за асфалтирање на повеќе улици во Берово

Топло добредојде! Градоначалник на општина Берово Звонко Пекевски...

Градоначалникот Пекевски на увид на градежните активности за асфалтирање на повеќе улици во Берово

Со интензивирањето на градежните активности за асфалтирање на 8 улици во Берово, градоначалникот Звонко Пекевски беше на увид на подготовките за асфалтирање и асфалтирањето на улиците Ѓуро Ѓаковиќ и Крушевска Република.

Асфалтирањето на овие улици се извршува со асфалтен слој со дебелина од 11 сантиметри од кои 7 сантиметри со асфалтен слој слој БНХС22 и 4 сантиметри со асфалтен слој БНХС11. И двете улици се со широчина од 6 метри и со вкупна должина од 510 метри.

Покрај овие улици веќе асфалтирани преку истиот проект се улиците Малешка, Бел Камен и Марксова, а се продолжува и со асфалтирање на улиците 11ти октомври, Даме Груев и Карпош.

 

Вкупната должина на асфалтирани улици е околу 2.200 метри, или 12.500 м2 асфалт со што наголемо се обновува уличната мрежа во Берово.

 

 

 

 

Анализа на состојбите во социјалната заштита и социјалното вклучување на локално нивоПолитичко акциона и правна рамка за човекови права Како локалниот развој да има влијание на ситеУПАТСТВО ЗА ДОБИВАЊЕ НА ОДОБРЕНИЕ ЗА ГРАДЕЊЕ ЗА ОБЈЕКТИ КОИ ВО  РАМКИ НА ИПАРД ПРОГРАМАТА СЕ ГРАДАТ НА ГРАДЕЖНО  ЗЕМЈИШТЕ ЗА КОЕ Е ДОНЕСЕНА УРБАНИСТИЧКО-ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА

Стратегии