Насловна Актуелно Вести Се асфалтираат 8 улици во Берово

Топло добредојде! Градоначалник на општина Берово Звонко Пекевски...

Се асфалтираат 8 улици во Берово

Со асфалтирање на улиците во Берово во тек се финалните градежни активности на еден исклучително важен проект за општина Берово со кој покрај решавањето на проблемот со фекалната канализација ќе се постигне и заштита на животната средина и животинскиот свет на реката Брегалница, како и подобро управување на пречистителната станица за отпадни води.

Деновиве во Берово интензивно се работи на привршување на градежните активности преку кои целосно ќе бидат асфалтирани дел од улиците кои беа комплетно оштетени.

За време на викендот (04-05.11) беа асфалтирани улиците Бел Камен во должина од 290 метри и широчина од 5 метри, Марксова во должина од 230 метри и широчина од 6 метри, веќе се работи на асфалтирање на Малешка во должина од 140 метри и широчина од 7 метри, додека подготвени за асфалтирање се и улиците 11ти октомври, Ѓуро Ѓаковиќ, Димитрије Туцовиќ, Крушевска Република, Карпош и дел од Даме Груев во вкупна должина од околу 1500 метри со променлива ширина на улиците од 4.5 до 6 метри.

Овие улици е планирано да се асфалтираат во наредните неколку денови, додека активностите за проектот е планирано да завршат до 20 ноември, до кога ќе бидат асфалтирани и вратени во првобитна состојба и улиците кадешто се поставуваат каналети за атмосферска канализација.

Инаку проектот “Рехабилитација и проширување на канализационата мрежа во Општина Берово“,  општината го реализира преку Министерството за животна средина и просторно планирање на РМ, а е финансиран од ИПА Програмата на Европската Унија како проект од големо значење за општината.

 

Во проектот се опфатени сите позначајни улици во градот со што граѓаните ќе го почувствуваат бенефитот и ќе се реши големиот проблем кој се појавуваше при секој пороен дожд: полнење на семејните куќи со вода, излевање на вода по улиците , влага во подрумските простории. Со проектот се опфатение и населените места Владимирово, Смојмирово како соседната општина Пехчево.

 

 

 

 

Анализа на состојбите во социјалната заштита и социјалното вклучување на локално нивоПолитичко акциона и правна рамка за човекови права Како локалниот развој да има влијание на ситеУПАТСТВО ЗА ДОБИВАЊЕ НА ОДОБРЕНИЕ ЗА ГРАДЕЊЕ ЗА ОБЈЕКТИ КОИ ВО  РАМКИ НА ИПАРД ПРОГРАМАТА СЕ ГРАДАТ НА ГРАДЕЖНО  ЗЕМЈИШТЕ ЗА КОЕ Е ДОНЕСЕНА УРБАНИСТИЧКО-ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА

Стратегии