Насловна Актуелно Вести Учениците од Народна техника – Берово на прием кај градоначалникот Пекевски

Топло добредојде! Градоначалник на општина Берово Звонко Пекевски...

Учениците од Народна техника – Берово на прием кај градоначалникот Пекевски

Успесите кои ги достигнаа учениците од училиштата од Берово преку Народна техника – Берово се само уште еден од показателите за квалитетното образование кое го добиваат, со што се презентира и претставува и самата Општина Берово.

 

По завидните резултати од натпреварите во последните два месеци, претставници од Народна техника – Берово, заедно со учениците и нивните ментори беа на прием кај градоначалникот на општина Берово Звонко Пекевски.

На приемот во своето обраќање градоначалникот им ги честиташе успесите и истакна дека се гордее со тоа што тимот од Берово е еден од најуспешните тимови во Македонија со исклучително добри и завидни резултати, и несебично ја искажа својата заложба за поддршка и помош во натамошните натпреварувања кои ќе ги имаат.

Инаку, на државниот натпревар во Радиотехника кој се одржа во Велес на 17 септември, учествуваа 11 ученици од Берово кои освоија 11 први места. Учесници на ова натпреварување беа:

1.Бранко Пекевски,

2.Бранкица Пекевска,

3.Душица Лапевска,

4.Каролина Кожарска,

5.Петар Бошнаковски,

6.Благица Цикарска,

7.Глигор Цикарски,

8.Екатерина Чучурска,

9.Дина Колевска,

10.Глорија Муртовска,

11.Матеја Димиќ.

По овој натпревар, на 22 октомври се одржа меѓународен натпревар во Радиотехника во Катланово, каде учествуваа 13 натпреварувачи од Берово од кои тројца ученици освоија златни медали, и тоа:

1.Бранко Пекевски,

2.Каролина Кожарска и

3.Александар Станоевски,

2 сребрени медали на учениците:

1.Матеја Домиќ и

2.Христијан Рунтевски,

2 бронзени медали освоија учениците:

1.Филип Руменовски и

2.Дарио Корчовски,

додека, сите останати ученици освоија дипломи.

Последен натпревар за учениците од Народна техника Берово е меѓународниот саем за иновации – Макинова - Еконова кој се одржа на 25-28 октомври во Скопје каде учествуваа 16 ученици постигнувајќи добри резултати, меѓу кои 4 медали:

1.Марио Пеовски – златен медал,

2.Елена Цикарска – Сребрен медал,

3.Бојана и Наталија Арменска – сребрен медал и

4.Елеонора Скендерска – бронзен медал,

5.Бранко Пекевски – бронзен медал,

6.Бранкица Пекевска – бронзен медал.

 

Во календарот на настани за оваа година, Народна техника веќе нема натпревари, но ќе учествуваат на Изложба по повод Светскиот ден на науката, кој ќе се одржи во Струмица на 09.11.2017 година и е во организација на Министерството за образование и наука на РМ и градоначалникот на Општина Струмица.

 

 

 

 

Анализа на состојбите во социјалната заштита и социјалното вклучување на локално нивоПолитичко акциона и правна рамка за човекови права Како локалниот развој да има влијание на ситеУПАТСТВО ЗА ДОБИВАЊЕ НА ОДОБРЕНИЕ ЗА ГРАДЕЊЕ ЗА ОБЈЕКТИ КОИ ВО  РАМКИ НА ИПАРД ПРОГРАМАТА СЕ ГРАДАТ НА ГРАДЕЖНО  ЗЕМЈИШТЕ ЗА КОЕ Е ДОНЕСЕНА УРБАНИСТИЧКО-ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА

Стратегии