Насловна Актуелно Вести Во среда ќе се отвори изложба на фотографии од Павлина Поповска во Музејот на град Берово

Топло добредојде! Градоначалник на општина Берово Звонко Пекевски...

Во среда ќе се отвори изложба на фотографии од Павлина Поповска во Музејот на град Берово

Општина Берово во рамките на проектот “Берово – град на култура 2017“ кој се спроведува со поддршка од Министерството за култура, Ве поканува на отворањето на изложба на фотографии “Можноста за нов почеток во Европа“ на фотографката Павлина Поповска.

Отварањето ќе биде во среда на 08 Ноември во 13 часот во Музеј на град Берово и истата ќе биде поставена од 08-17 Ноември.

Користејќи текст и фотографии собрани за време на патувањето од Грција, Македонија, па од Балканот до Германија завршувајќи во Берлин, изложбата "Можноста за нов почеток во Европа" прикажува невладини организации и искуства на луѓето кои што го поминаа патот од воените зони и кризни подрачја барајќи безбедност, стабилност и човечки права. Тие се директни жртви на терористи, опресии и клептотични влади. Дотолку повеќе се пренесени и гледишта и искуства на соработниците за реалноста која ја виделе во денешна Европа.


Креативни Соработници:

Даниел Смит, продуцент и режисер од САД,

Павлина Поповска, фотограф од Македонија,

Гајатри (Клаудија Шмиерер) асистен за продукција и фотограф од Германија,

 

Риад Гута, фотограф од Алжир.

 

 

 

 

Анализа на состојбите во социјалната заштита и социјалното вклучување на локално нивоПолитичко акциона и правна рамка за човекови права Како локалниот развој да има влијание на ситеУПАТСТВО ЗА ДОБИВАЊЕ НА ОДОБРЕНИЕ ЗА ГРАДЕЊЕ ЗА ОБЈЕКТИ КОИ ВО  РАМКИ НА ИПАРД ПРОГРАМАТА СЕ ГРАДАТ НА ГРАДЕЖНО  ЗЕМЈИШТЕ ЗА КОЕ Е ДОНЕСЕНА УРБАНИСТИЧКО-ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА

Стратегии