Во ОИК се одржа координативен состанок со кандидатите за градоначалници и ПС од ОН Берово
Насловна Актуелно Вести Во ОИК се одржа координативен состанок со кандидатите за градоначалници и ПС од ОН Берово

Топло добредојде! Градоначалник на општина Берово Звонко Пекевски...

Во ОИК се одржа координативен состанок со кандидатите за градоначалници и ПС од ОН Берово

Во просториите на Општинската Изборна Комисија - Берово, во пресрет на локалните избори кои ќе се одржат во недела на 15-ти октомври, се одржа состанок со претставници од ПС од ОН Берово и кандидатите за градоначалници на општина Берово Звонко Пекевски и Никола Атанасов.

 

Состанок го водеше претседателот на ОИК Берово Мишо Догазански и истиот имаше за цел да се воочат можните проблеми кои можат да настанат за време на изборниот процес, на денот пред изборите, како и превентивни делувања за надминувања на вакви активности.

Од страна на командирот на ПС од ОН Берово Горан Тасевски беше предочено за можни проблеми кои можат да настанат, и на двата кандидати им се заблагодари за досегашната позитивна кампања која ја водат без да бидат направени никакви инциденти, што се надеваме дека ќе биде случај и во овие денови до изборите и на денот на изборите.

И двата кандидати за градоначалници се обврзаа дека ќе продолжат на истиот начин да ги водат кампањите и ќе се залагаат за мирно поминување на изборите.

 

 

 

 

 

 

Анализа на состојбите во социјалната заштита и социјалното вклучување на локално нивоПолитичко акциона и правна рамка за човекови права Како локалниот развој да има влијание на ситеУПАТСТВО ЗА ДОБИВАЊЕ НА ОДОБРЕНИЕ ЗА ГРАДЕЊЕ ЗА ОБЈЕКТИ КОИ ВО  РАМКИ НА ИПАРД ПРОГРАМАТА СЕ ГРАДАТ НА ГРАДЕЖНО  ЗЕМЈИШТЕ ЗА КОЕ Е ДОНЕСЕНА УРБАНИСТИЧКО-ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА

Стратегии