Кандидатите за градоначалници на Берово потпишаа Кодекс за фер и демократски избори
Насловна Актуелно Вести Кандидатите за градоначалници на Берово потпишаа Кодекс за фер и демократски избори

Топло добредојде! Градоначалник на општина Берово Звонко Пекевски...

Кандидатите за градоначалници на Берово потпишаа Кодекс за фер и демократски избори

Кандидатите за градоначалници на Општина Берово на претстојните локални избори, денеска (24.09.2017 год.) во седиштето на Општинската изборна комисија во Бизнис инкубаторот во Берово потпишаа Кодекс за фер и демократски избори, додека во исто време синхоронизирано на различни локации Кодексот го потпишаа и кандидатите за градоначалници во сите општини во Македонија.

 

Учесниците во изборите за градоначалници и членови на советите на општините и град Скопје закажани за 15 октомври го потпишуваат Кодексот врз основа на член 8-в од Изборниот законик.

Со овој Кодекс учесниците на локалните избори се обврзуваат и си ветуваат еден на друг, но и на сите граѓани дека ќе се придржуваат и активно ќе го промовираат Кодексот и дека ќе ги почитуваат сите закони, правила и прописи на Македонија, кои се релевантни за изборите и ќе го почитуваат владеењето на правото при организирањето и спроведувањето на изборите.

 

Во согласност со Изворниот законик, Општинската изборна комисија има потврдено две кандидатури за градоначалник на општина Берово и тоа Никола Атанасов - предложен од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ и Звонко Пекевски - предложен од коалицијата предводена од СДСМ, како и две кандидатски листи за советници од истите предлагачи.

 

 

 

 

Анализа на состојбите во социјалната заштита и социјалното вклучување на локално нивоПолитичко акциона и правна рамка за човекови права Како локалниот развој да има влијание на ситеУПАТСТВО ЗА ДОБИВАЊЕ НА ОДОБРЕНИЕ ЗА ГРАДЕЊЕ ЗА ОБЈЕКТИ КОИ ВО  РАМКИ НА ИПАРД ПРОГРАМАТА СЕ ГРАДАТ НА ГРАДЕЖНО  ЗЕМЈИШТЕ ЗА КОЕ Е ДОНЕСЕНА УРБАНИСТИЧКО-ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА

Стратегии