Учениците на велосипеди ја испратија својата порака за заштита на животната средина
Насловна Актуелно Вести Учениците на велосипеди ја испратија својата порака за заштита на животната средина

Топло добредојде! Градоначалник на општина Берово Звонко Пекевски...

Учениците на велосипеди ја испратија својата порака за заштита на животната средина

Општина Берово и оваа година активно се вклучи во одбележувањето на „Европската недела на мобилност“ која трае од од 16 до 22 септември.

Со самото вклучување во оваа акција коjа традиционално се одржува низ целиот свет, посебно се одбележува 22 Септември - Ден без автомобили, кога за сообраќај се затвора една или повеќе фреквентни сообраќајници и се резервираат за велосипедисти, пешаци или за јавен транспорт. На тој начин се упатува силна порака дека автомобилите треба да се користат одговорно, со избирање на „паметен“ начин на транспорт, со што се води сметка за животната средина и загадувањето што го произведуваме.

Денот без автомобили во Берово беше одбележан во соработка на Општина Берово, ООУ “Дедо Иљо Малешевски“ – Берово и Полициската станица – Берово кои заеднички ја организираа активноста со која учениците од основното училиште во Берово се качија на своите велосипеди и ја испратија својата порака за заштита на животната средина.

Велосипедското дефиле на учениците започна во 12 часот со стартна точка од влезот на ООУ “Дедо Иљо Малешевски“ – Берово и истото се движеше по улиците “Маршал Тито“, “Мирче Ацев“, “23ти август“ и “Партизанска“.

 

 

 

 

Анализа на состојбите во социјалната заштита и социјалното вклучување на локално нивоПолитичко акциона и правна рамка за човекови права Како локалниот развој да има влијание на ситеУПАТСТВО ЗА ДОБИВАЊЕ НА ОДОБРЕНИЕ ЗА ГРАДЕЊЕ ЗА ОБЈЕКТИ КОИ ВО  РАМКИ НА ИПАРД ПРОГРАМАТА СЕ ГРАДАТ НА ГРАДЕЖНО  ЗЕМЈИШТЕ ЗА КОЕ Е ДОНЕСЕНА УРБАНИСТИЧКО-ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА

Стратегии