ОСУ “Ацо Русковски“ од Берово го одбележа патрониот празник
Насловна Актуелно Вести ОСУ “Ацо Русковски“ од Берово го одбележа патрониот празник

Топло добредојде! Градоначалник на општина Берово Звонко Пекевски...

ОСУ “Ацо Русковски“ од Берово го одбележа патрониот празник

Општинското Средно Училиште „Ацо Русковски“ од Берово го одбележа патрониот празник во чест на раѓањето на својот патрон Ацо Русковски и во чест на 64 годишнината од формирањето на оваа образовна институција во Берово.

Патрониот празник на ОСУ „Ацо Русковски“ Берово беше одбележан со свечена програма во холот на училиштето која започна со обраќањето на директорот на ОСУ „Ацо Русковски“ Гоце Џалевски до гостите и сите присутни во холот на училиштето, кој накратко се осврна и на работењето и постигнувањата на училиштето.

Како што спомна директорот, претходната учебна година беше една доста успешна година за училиштето со големи достигнувања на учениците и нивните ментори издвојувајќи го постигнувањето на ученикот од Милан Тасевски кој беше дел од Македонскиот математички тим кој учествуваше на Математичка олимпијада во Бразил.

Во културно-уметничкиот дел, со своја програма се претстаија членовите не КУД “Димитар Беровски“, додека учениците ја покажаа својата музикалност со изведба на повеќе музички точки како и неколку рецитали во чест на патронот.

По завршувањето на свечената програма, празнувањето на празникот продолжи со полагање на свежо цвеќе пред бистата на „Ацо Русковски“, а подоцна и со спортски натпревари во салата „Македонски Бранители“.

 

 

 

 

Анализа на состојбите во социјалната заштита и социјалното вклучување на локално нивоПолитичко акциона и правна рамка за човекови права Како локалниот развој да има влијание на ситеУПАТСТВО ЗА ДОБИВАЊЕ НА ОДОБРЕНИЕ ЗА ГРАДЕЊЕ ЗА ОБЈЕКТИ КОИ ВО  РАМКИ НА ИПАРД ПРОГРАМАТА СЕ ГРАДАТ НА ГРАДЕЖНО  ЗЕМЈИШТЕ ЗА КОЕ Е ДОНЕСЕНА УРБАНИСТИЧКО-ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА

Стратегии