Насловна Актуелно Вести Во општинската зграда се одржа состанок за превенција од пожари

Топло добредојде! Градоначалник на општина Берово Драги Наџински..

Во општинската зграда се одржа состанок за превенција од пожари

Како дел од мерките за превенција од пожари и моменталната состојба во Македонија која се наоѓа во портокалова фаза со екстремно високи температури, на иницијатива на градоначалникот на Општина Берово Драги Наџински во просториите на општинската зграда се одржа состанок со претставници на повеќе институции кои имаат надлежности во оваа сфера.

 

На состанокот присуствуваа претставници од Општина Берово, ТППЕ – Берово,  ЈП “Македонски шуми“ – подружница Берово, ПЕ на Центарот за управување со кризи, Дирекцијата за заштита и спасување, Шумска полиција – Берово , Полициска станица од општа надлежност – Берово и ЈПКР “Услуга“ – Берово.

Целта на состанокот беше да се воочат состојбите со пожари на територијата на Општина Берово, како и преземањето на конкретни мерки и чекори при појава и ескалација на поголеми шумски пожари.

За време на состанокот сите институции ги изнесоа своите можности во однос на расположлици човечки и технички ресурси со што се доведе до заклучок дека при можни поголеми пожари на територијата на општината ќе ги стават на располагање со цел да се спречат поголеми еколошки катастрофи.

Поради ова, сите релевантни институции апелираат за совесност кај населението и внимателно ракување со оган на отворено место , како и почитување на забраната за движење во шума без оглед на каква било намена, која е издадена од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, а ќе трае додека надлежните сметаат дека има потреба.

При забележување на пожари пријавувањето се врши на телефонскиот број на ТППЕ Берово:

193,

а можат да се вршат и на сите други телефонски лини за итни повици:

Полиција 192,

Центар за управување со кризи 195.

 

 

 

 

Анализа на состојбите во социјалната заштита и социјалното вклучување на локално нивоПолитичко акциона и правна рамка за човекови права Како локалниот развој да има влијание на ситеУПАТСТВО ЗА ДОБИВАЊЕ НА ОДОБРЕНИЕ ЗА ГРАДЕЊЕ ЗА ОБЈЕКТИ КОИ ВО  РАМКИ НА ИПАРД ПРОГРАМАТА СЕ ГРАДАТ НА ГРАДЕЖНО  ЗЕМЈИШТЕ ЗА КОЕ Е ДОНЕСЕНА УРБАНИСТИЧКО-ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА

Стратегии