ОБЈАВА бр.12-1670/2017 за давање на недвижни ствари во закуп со електронско јавно наддавање
Насловна Актуелно Вести ОБЈАВА бр.12-1670/2017 за давање на недвижни ствари во закуп со електронско јавно наддавање

Топло добредојде! Градоначалник на општина Берово Звонко Пекевски...

ОБЈАВА бр.12-1670/2017 за давање на недвижни ствари во закуп со електронско јавно наддавање

ОПШТИНА  БЕРОВО

ОБЈАВА бр.12-1670/2017

за давање на недвижни ствари во закуп

со електронско јавно наддавање

(прва објава)

Комисијата за спроведување на постапка задавање во закуп на недвижни и движни  ствари сопственост на Општина Берово, врз основа на член 4, 24, 25, 26, 27, 28, 29, 37, 38, 39, и член 67 од Законот за користење и располагање со стварите на во државна сопственост и стварите во општинска сопственост (Службен весник на Република Македонија бр. 78/2015, 106/2015, 153/2015 и 190/2016) и Одлуките на Советот на општина Берово за давање согласност за давање под закуп на деловни простории сопственост на Општина Берово, објавува давање на недвижни ствари во закуп со електронско јавно наддавање, сопственост на Општина Берово согласно табеларниот преглед:

Ред.

број

Улица и број

Деловен простор

КО Берово

КП број

Површина на просторија

Банкарска гаранција од 2% изразена вредност во денари

Почетен износ

на месечната закупнина

Почеток час

1.

Маршал Тито бр.107 Берово

простории

2553

151 м2

177.739,00 денари

44.435,00 денари

12:00

2.

Маршал Тито бр.107 Берово

просторија

2553

15 м2

12.964,00 денари

3.241,00 денари

12:30

3.

Маршал Тито Берово

канцеларија

2091

25 м2

9.270,00 денари

2.317,00 денари

13:00

4.

Маршал Тито Берово

канцеларија

2091

20 м2

7.619,00 денари

1.905,00 денари

13:30

5.

Маршал Тито Берово

канцеларија

2091

21 м2

7.953,00 денари

1.988,00

денари

14:00

6.

ул. “Маршал Тито”  Берово

Постоечка месара

2088

34 м2

24.304,00 денари

6.076,00 денари

14:30

7.

ул. Димитар Влахов

канцеларија

2281

23 м2

6.981,48 денари

1.745,00 денари

15:00

8.

ул. Маршал Тито во Берово

канцеларија

2091

24 м2

8.890,00 денари

2.223,00 денари

15:30

Увид во урбанистичко планска документација, увид на лице место и увид во сликовен приказ може да се изврши во административни просториии на Општина Берово секој работен ден ( од понеделник до петок ) од 08.30 часот до 16.30 часот.

ПРЕДМЕТ НА ЈАВНОТО ЕЛЕКТРОНСКО НАДДАВАЊЕ

Предмет на електронско јавно наддавање се:

 

1. Простории со површина од 151 м2, Број на катастерска парцела 2553 дел 2 на ул. Маршал Тито бр.107 во Берово, Број на зграда 1, Намена В3-6, Влез 1 ПР бр.1, ДП, со Внатрешна површина од 151 м2, заведен во имотен лист бр.8722, КО Берово – Објект Дом на Култура во Берово.

2. Просторија со површина 15м2, Број на катастерска парцела 2553 дел 2 на ул. Маршал Тито бр.107 во Берово, Број на зграда 1, Намена В3-6, Влез 2 ПР бр.1, ДП, Внатрешна површина 15м2, заведен во Имотен лист бр.8722, КО Берово – Објект Дом на Култура во Берово.

3. Канцеларија со површина 25м2, Број на катастерска парцела 2091 дел 0 на ул. Маршал Тито во Берово, Број на зграда 1, Намена Б4, Влез 1 кат 1 ДП Внатрешна површина 25м2, заведен во Имотен лист бр.8722, КО Берово – Објект Бизнис Инкубатор во Берово.

4. Канцеларија со површина 20м2, Број на катастерска парцела 2091 дел 0 на ул. Маршал Тито во Берово, Број на зграда 1, Намена Б4, Влез 1 кат 1 ДП Внатрешна површина 20м2, заведен во Имотен лист бр.8722, КО Берово – Објект Бизнис Инкубатор во Берово.

5. Канцеларија со површина 21м2, Број на катастерска парцела 2091 дел 0 на ул. Маршал Тито во Берово, Број на зграда 1, Намена Б4, Влез 1 кат 1 ДП Внатрешна површина 21м2, заведен во Имотен лист бр.8722, КО Берово – Објект Бизнис Инкубатор во Берово.

6. Број на катастерска парцела 2088 дел 0 на ул. “Маршал Тито” во Берово, Број на зграда 1, Намена Б1-3, Влез 1 СУ бр.1 ДП (една просторија), Внатрешна површина 56 м2, заведен во Имотен лист бр.8722, КО Берово (постоечка месара).

7. Канцеларија која се наоѓа на катастерска парцела 2281 дел 0 на ул. Димитар Влахов бр.10 во Берово, Број на зграда 1, Намена Б4 – 3, Влез 1 кат 1, бр.1, ДП (една просторија), Внатрешна површина 23 м2 од 71 м2, заведен во Имотен лист бр.8722, КО Берово.

8. Канцеларија која се наоѓа на катастерска парцела 2091 дел 0 на ул. Маршал Тито во Берово, Број на зграда 1, Намена Б4, Влез 1 кат 1 ДП (една просторија), Внатрешна површина 24 м2 од 138 м2, заведен во Имотен лист бр.8722, КО Берово (објект Бизнис Инкубатор во Берово).

Просториите и канцеларии од табеларниот преглед кои се во сопственост на општина Берово, се издаваат во закуп за времeтраење од 4 (четири) години од денот на потпишувањето на договорот за закуп со најповолниот понудувач.

ПРАВО НА УЧЕСТВО

Право на учество имаат сите заинтересирани домашни и странски физички и правни лица кои  можат да се стекнат со право на закуп на недвижни ствари на територијата на Република Македонија согласно со закон и кои ги исполнуваат условите во објавата.

УСЛОВИ ЗА УЧЕСТВО ВО ЕЛЕКТРОНСКОТО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ

Заинтересираните физички и правни лица поднесуваат пријава за учество на јавно наддавање на веб страната www.e-stvari.com.mk.

Документи потребни за пријава за јавно електронско наддавање се следните :

· Изјава со која што ги прифаќаат условите што се дадени во објавата .

· Банкарска гаранција за сериозност во висина од 2% од проценетата вредност на недвижната ствар, за учество на јавното наддавање.

· Доказ за идентитет (полн назив, точна адреса, кои документи се приложени кон пријавата, телефон)

· За правните лица - Тековна состојба или ДРД образец од Централниот регистар на Република Македонија.

· За правните лица -Уредно полномошно за полномошникот кој го претставува правното лице;

· За физичките лица – Лична карта или патна исправа;

· Е-маил адреса на поднесувачот на пријавата, преку која што ќе се врши постапката на регистрирање за учество во јавното електронско наддавање  на која што ќе им биде испратено корисничкото име и шифрата за пристап на интернет страницата на која што ќе се одвива  електронското јавно  наддавање.

Пријавите кои што нема да бидат комплетирани со овие докази нема да учествуваат во наддавањето за што ќе бидат известени по електронски пат.

Објавата трае дванаесет (12) дена почнувајќи да се смета од 03.08.2017 год. до 14.08.2017 год. Јавното електронско наддавање ќе се одржи на интернет страницата www.e-stvari.mk Јавното електронско наддавање ќе започне на ден 17.08.2017 година (четврток), со почеток во 12,00 часот и ќе се одвива во временски рокови дадени во табелата.

ПОЧЕТНА ЦЕНА

Почетните цени на месечната закупнина за секоја позиција од објавата се дадени во табеларниот преглед.

Електронското јавно наддавање ќе се одржи и доколку по објавата се пријавил само еден учесник кој ги исполнува условите дадени во објавата и ја прифати почетната цена.

БАНКАРСКА ГАРАНЦИЈА ЗА СЕРИОЗНОСТ

Банкарската гаранција за сериозност на понудата во висина од 2% од вкупната проценета вредност на недвижните ствари, покрај електронска достава на скенирана копија на оригиналот во pdf формат, подносителот на пријавата за учество е должен до крајниот рок за поднесување на пријави да ја достави и во писмена форма во оригинал, преку пошта или со лично доставување, на адреса Општина Берово, ул.Димитар Влахов бр.10, 2330 Берово, до Комисија за располагање со движни и недвижни ствари. Недоставувањето на банкарската гаранција во писмена оригинална форма на посочената адреса ја прави пријавата неприфатлива и истата ќе биде одбиена.

Банкарската гаранција треба да биде издадена во македонска валута, од банка која работи и врши банкарски активности во Република Македонија, а времетраењето на Банкарската Гаранција треба да изнесува минимум 30 дена сметано од денот утврден како краен рок за поднесување на пријавата.

Банкарската гаранција за сериозност на понудата за учество на јавното наддавање му се враќа на подносителот на пријавата во рок од 15 дена од денот на одржувањето на јавното наддавање, а банкарската гаранција на најповолниот понудувач му се враќа во рок од 15 дена од денот на уплатата на првата месечна закупнина постигната на јавното наддавање.

Банкарската гаранција за сериозност на пријавата ќе се наплати доколку понудувачот не го потпише договорот за закуп со Општина Берово. При наплата на гаранцијата понудувачот во период од една година, нема да може да учествува на секое идно јавно наддавање за предметните ствари.

Секоја пријава што не содржи гаранција за сериозност или содржи гаранција која не е во согласност  со условите од објавата, ќе биде отфрлена и нема да учествува на електронското јавно наддавање.

РОК ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ НА ПРИЈАВИТЕ

Пријавите за учество на јавното наддавање се поднесуваат  најдоцна до 14.08.2017 година.

ПОСТАПКА

Постапката за електронско јавно наддавање ја спроведува Комисијата за недвижини и движни ствари формирана од Градоначалникот на општина Берово.

Пријавата за учество на јавното наддавање се поднесува електронски и треба да ги содржи сите податоци и докази кои се утврдени во објавата за електронско јавно наддавање. Јавното електронско наддавање ќе се одржи електронски на интернет страницата www.e-stvari.mk.

Комисијата по електронски пат ги известува подносителите на пријавите за комплетноста на истите во рок од 3 (три) дена од денот на поднесувањето на пријавите и на подносителите кои имаат комплетна документација им доставува корисничко име и лозинка за учество на електронско јавно наддавање, додека на подносителите кои не доставиле комплетна документација им доставува известување дека истите нема да учествуваат на електронското јавно наддавање.

На денот на одржувањето на електронското јавно наддавање учесниците пристапуваат на интеренет страницата со корисничкото име и лозинка која ја добиле од Комисијата.

Електонското јавно наддавање започнува со објавување на вкупната почетна цена, а се спроведува по пат на наддавање од страна на учесниците.

Доколку понудувачот веќе учествувал во постапките по претходни објави и спроведени јавни наддавања спроведени преку овој систем, за него сеуште важат претходно автоматски доделените корисничко име и лозинка, доделена заради негово учество во претходните постапки и тоа на ниво на целиот систем (се мисли на учество во постапка која ја спроведувала било која општина).

Доколку во првите 5 минути не е прифатена понудата, односно не е дадена повисока понуда од учесникот на јавното наддавање, вредноста на закупнината на недвижната ствар се намалува за 2% по што учесниците повторно имаат можност да ја прифатат, односно да ја зголемат цената без при тоа да се ограничува минималниот чекор на зголемувањето.

Доколку во истекот на последните две минути од вторите 5 минути од страна на учесниците е дадена понуда, крајниот рок на завршување на јавното наддавање се продолжува за уште 2 минути и тоа неограничено се додека во временскиот интервал од 2 минути има нова понуда, а ќе заврши кога за период од следните 2 минути нема нова дадена понуда. Доколку во времетраење од 5 минути повторно нема понуда, вредноста на недвижната ствар повторно се намалува за 2% од првичната проценета вредност.

Намалувањето на вредноста на закупнината во текот на наддавањето доколку станува збор за објава по прв пат може да биде најмногу до 30% од проценетата вредност без разлика колку понудувачи се јавиле на јавното наддавање.

Намалувањето на вредноста на недвижната ствар во текот на наддавањето, доколку станува збор за објава по втор пат може да биде најмногу до 30%, доколку на јавното наддавање се пријавил само еден заинтересиран учесник, а доколку се пријавиле двајца или повеќе учесници, намалувањето на вредноста може да биде најмногу до 50% од проценетата вредност.

Учесникот кој на јавното наддавање понудил највисока цена, се стекнува со статус на најповолен понудувач.

По завршувањето на јавното наддавање Комисијата изготвува записник за спроведеното јавно наддавање кој се доставува до сите учесници на јавното наддавање.

Недвижните ствари дадени во закуп не можат да се даваат во подзакуп.

Најповолниот понудувач во рок од 15 дена од денот на приемот на писменото известување за избор е должен да ги уплати средства на Трезорска сметка 100000000063095, уплатна сметка 840-102-06553, приходна шифра 723914, банка на примачот НБРМ., во согласност со постигнатата крајна цена за месечната закупнина а доколку не ги уплати во овој рок  нема да се пристапи кон склучување на договор, банкарската гаранција ќе биде активирана, а понудувачот во период од една година нема да може да учествува на секое идно јавно наддавање за предметните ствари.

Со најповолниот понудувач во рок од 15 работни денови по извршената уплата на месечната закупнина се склучува договор за закуп во писмена форма кој во рок од 30 дена се доставува кај нотар заради вршење на солемнизација.

Нотарските трошоци и трошоците за запишување на правата на закуп во Агенцијата за катастар на недвижностите се обврска на закупецот.

Учесниците имаат право на приговор  само по однос на постапката на јавното електронско наддавање, во рок од три (3) дена од одржувањето на јавното наддавање  до Комисијата која  одлучува по приговорот со решение  во рок од пет (5) дена од приемот на приговорот.

Против решението на Комисијата може да се изјави жалба до Државната Комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен.

Оваа објава ќе биде објавена на веб страната на Општина Берово.

Детални информации врзани за објавата  можат да се добијат во Одделение за правни и општи работи и Одделение за урбанизам при Општина Берово 033/471-026 локал 105 и локал 108.

Бр.12-1670/1 од 27.07.2017 година

 

 

 

 

 

Анализа на состојбите во социјалната заштита и социјалното вклучување на локално нивоПолитичко акциона и правна рамка за човекови права Како локалниот развој да има влијание на ситеУПАТСТВО ЗА ДОБИВАЊЕ НА ОДОБРЕНИЕ ЗА ГРАДЕЊЕ ЗА ОБЈЕКТИ КОИ ВО  РАМКИ НА ИПАРД ПРОГРАМАТА СЕ ГРАДАТ НА ГРАДЕЖНО  ЗЕМЈИШТЕ ЗА КОЕ Е ДОНЕСЕНА УРБАНИСТИЧКО-ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА

Стратегии