Насловна Актуелно Вести Поплочен дел од улица “23ти Август“ во Берово

Топло добредојде! Градоначалник на општина Берово Драги Наџински..

Поплочен дел од улица “23ти Август“ во Берово

Десетина семејни домови во Ромското маало во Берово најпосле добија соодветен пристапен пат преку реализација на проект за поплочување на дел од улицата 23-ти Август кој Општина Берово го реализираше преку Програмата за улици и патишта за 2017 година.

 

Проектот опфаќаше поставување на бехатон плочки во должина од околу 100 метри и ширина од 3 метри со претходно израмнување на теренот и поставување на рабници што дополнително ја заштитува коловозната површина од оштетување и ерозија.

Со ова, трајно се решава проблемот на жителите од овој дел од Берово каде земјениот пат и стрмниот терен создаваа постојани проблеми со пристапит до нивните семејни домови, додека се решава и еден проблем со калта и наносите од талог кои создаваа проблеми со поплавување на домови и запушување на атмосферските одводи.

 

Овој проект е еден од низата проекти кои Општина Берово ги презема во рамките на Програмата за улици и патишта и кои имаат за цел да ја подобрат инфраструктурата во градот и останатите населени места во општината.

 

 

 

 

Анализа на состојбите во социјалната заштита и социјалното вклучување на локално нивоПолитичко акциона и правна рамка за човекови права Како локалниот развој да има влијание на ситеУПАТСТВО ЗА ДОБИВАЊЕ НА ОДОБРЕНИЕ ЗА ГРАДЕЊЕ ЗА ОБЈЕКТИ КОИ ВО  РАМКИ НА ИПАРД ПРОГРАМАТА СЕ ГРАДАТ НА ГРАДЕЖНО  ЗЕМЈИШТЕ ЗА КОЕ Е ДОНЕСЕНА УРБАНИСТИЧКО-ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА

Стратегии