Насловна Актуелно Вести Нов паркинг простор во Берово – асфалтиран просторот пред стамбената зграда на ул.Паруца

Топло добредојде! Градоначалник на општина Берово Драги Наџински..

Нов паркинг простор во Берово – асфалтиран просторот пред стамбената зграда на ул.Паруца

Викендов во Берово продолжија градежните активности со кои се завршуваат дел од предвидените проектни активности од патната инфраструктура.

Преку програмата за улици и патишта, се заврши со реализацијата на проектот преку кој е реконструирана улицата “Паруца“ и изграден е паркинг простор пред колективната зграда за домување.

-Ова е проект кој го ветивме на граѓаните и можеби поради тоа и се разликуваме од другите со тоа што тоа што го ветуваме и го остваруваме, и еве пред некој ден се завршија скоро сите градежни работи на проектот “Асфалтирање на ул.Паруца и партерно уредување на просторот пред колективната стамбена зграда“ - истакна градоначалникот Наџински.

Проектот опфаќаше асфалтирање на  пристап на улица “Паруца“ од улица “Маршал Тито“ до паркингот за колективната стамбена зграда на ул.“Паруца“ во во должина од околу 160 метри во променлива широчина од 2,5 до 3,5 метри и асфалтирање на паркинг просторот пред стамбената зграда со површина од 1100 квадратни метри.

 

Средствата за реализација на овој проект се обезбедени од Буџетот на општина Берово.

 

 

 

 

Анализа на состојбите во социјалната заштита и социјалното вклучување на локално нивоПолитичко акциона и правна рамка за човекови права Како локалниот развој да има влијание на ситеУПАТСТВО ЗА ДОБИВАЊЕ НА ОДОБРЕНИЕ ЗА ГРАДЕЊЕ ЗА ОБЈЕКТИ КОИ ВО  РАМКИ НА ИПАРД ПРОГРАМАТА СЕ ГРАДАТ НА ГРАДЕЖНО  ЗЕМЈИШТЕ ЗА КОЕ Е ДОНЕСЕНА УРБАНИСТИЧКО-ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА

Стратегии