Насловна Актуелно Вести Интензивно се работи на изградбата на нов водоснабдителен систем на Беровско езеро

Топло добредојде! Градоначалник на општина Берово Драги Наџински..

Интензивно се работи на изградбата на нов водоснабдителен систем на Беровско езеро

Општина Берово е една од ретките општини во Република Македонија која аплицираше на сите повици на проектите за прекугранична соработка и досега ги има добиено сите 4 апликации за изградба на инфраструктурни објекти.

По успешната реализација на 3 вакви проекти, во големата сала за состаноци на Општина Берово се одржа првична информативна и прес конференција на којашто беа презентирани досегашните реализирани активности, значењето и целите на проектот “Градење на инфраструктура за одржлив развој на туризмот“.

-Оваа година отценивме дека приоритет треба да биде Изградба на инфраструктурен објект т.е. Изградба на водоснабдителен систем на туристичката населба Беровско езеро зошто неколку години наназад имавме почесто поплаки од самите сопственици на викендиците и хотелите дека преку летните месеци се појавува недостиг на вода и во тој случај туристите ги напуштаат убавите Малешевски планини и заминуваат во други туристички центри. Ценам дека  не само сопствениците на туристичките објекти, не само туристите, туку и идните инвеститори ќе бидат задоволни од реализирањето на тој проект и во иднина со побрз интензитет ќе се отпочне со изградба на уште многу такви сместувачки капацитети кои се гледа дека се потребни за туризмот да се развива во општината – истакна градоначалникот на Општина Берово Драги Наџински.

На прес конференцијата проект менаџерот Воислав Пехчевски ги изнесе досегашните реализирани активности во Берово како и предвидените проектни активности кои треба да бидат завршени до август 2018 година, додека активностите за проектот од страна на Општина Сандански ги изнесе претставникот Васил Глинџурски кој потенцираше дека оваа соработка помеѓу двете општини ќе допринесе кон заедничката цел за развој на туризмот и привлекување на поголем број на туристи и во двете општини.

Проектот “Градење на инфраструктура за одржлив развој на туризмот“ е ко-финансиран од Европската Унија преку Interreg – IPA програмата за прекугранична соработка Бугарија – Македонија со вкупен буџет од 498.052 €. Од овие средства Берово како лидер на проектот ќе искорисисти 291 596 €, додека останатите 206 456 € ќе бидат искористени од партнерот Општина Сандански од Република Бугарија.

Главната цел на проектот е изградба на филтер станица за вода и систем за водоснабдување во кои се опфатени: зафаќање, транспорт, третман и складирање на вода. За таа намена ќе се изградат повеќе објекти: пумпна станица, потисен цевковод, фабрика за преработка на вода за пиење и резервоар кој според развојните планови и во склад со реалноста и можностите за реализација на објекти во населбата ќе може да одговори на потребите на N= 1000 жители, со што општата водоснабителна норма за водоснабдување на населението да изнесува 200 l по жител на ден, односно 2.31 l/s.

Преку проектот предвидено е организирање и на два семинари во двете општини со по 35 учесници (од кој едниот веќе се одржа во општина Сандански), на кои ќе се разговара за предностите и слабостите на локалните туристички понуди и продукти и како до развој на можностите и подобрување на истите.

Проектот предвидува и развивање на мобилна апликација за Андроид, и ИОС како и поставување на дигитален информативен пункт коишто имаат главна цел за развивање и имплементација на интерактивна мобилна апликација и вебсајт со дата-база од локалните туристички атракции, креирање на алатки за собирање на информации поврзани со разни локални настани, атракции и места за посета.

 

По завршувањето на прес конференцијата беше посетена и локацијата кадешто во моментот течат градежните активности од страна на избраниот оператор – изведувач фирмата “Жикол“ од Струмица.

 

 

 

 

Анализа на состојбите во социјалната заштита и социјалното вклучување на локално нивоПолитичко акциона и правна рамка за човекови права Како локалниот развој да има влијание на ситеУПАТСТВО ЗА ДОБИВАЊЕ НА ОДОБРЕНИЕ ЗА ГРАДЕЊЕ ЗА ОБЈЕКТИ КОИ ВО  РАМКИ НА ИПАРД ПРОГРАМАТА СЕ ГРАДАТ НА ГРАДЕЖНО  ЗЕМЈИШТЕ ЗА КОЕ Е ДОНЕСЕНА УРБАНИСТИЧКО-ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА

Стратегии