Насловна Актуелно Вести Креативно издание на првиот Хип-Хоп фестивал Summer Bounce

Топло добредојде! Градоначалник на општина Берово Драги Наџински..

Креативно издание на првиот Хип-Хоп фестивал Summer Bounce

Викендот Берово повторно пулсираше во духот на културните случувања кои се во организација на Општина Берово, а во склоп на програмата Берово град на културата.

 

На спортското игралиште кај старата гимназија се одржа првиот Хип Хоп фестивал во малешевијата под насловот Summer Bounce. Огромниот број на посетители кои беа дел од магијата на оваа култура имаа можност да уживаат во виртуозниот перформанс на едни од најдобрите брејк денсери на балканот XNRG CRAW, уметничката изведба на хип хоп танцувачката група Pachoville од соседна Бугарија, македонскиот уличен рап на групата ЕБСФ од Скопје и DJ Che.
Атракција на настанот беше младиот Алек од групата
Pachoville кој на само 9 години одлично го владее овој стил.

Мултифункционалното игралиште беше претворено во улична платформа за споделување на оваа урбана култура во целиот вид. Уличните уметници кои што ги водеше Балдо направија перфектна атмосфера со цртањето на графити во што се вклучија и некои од најмладите посетители.

 

Присутните на културните настани организирани од општината коментираа дека Берово никогаш не било поубаво, поурбано и преполно со гости во овие летни денови.

 

 

 

 

Анализа на состојбите во социјалната заштита и социјалното вклучување на локално нивоПолитичко акциона и правна рамка за човекови права Како локалниот развој да има влијание на ситеУПАТСТВО ЗА ДОБИВАЊЕ НА ОДОБРЕНИЕ ЗА ГРАДЕЊЕ ЗА ОБЈЕКТИ КОИ ВО  РАМКИ НА ИПАРД ПРОГРАМАТА СЕ ГРАДАТ НА ГРАДЕЖНО  ЗЕМЈИШТЕ ЗА КОЕ Е ДОНЕСЕНА УРБАНИСТИЧКО-ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА

Стратегии