Насловна Актуелно Вести Осмо одделенецот Андреј Бубевски од Берово добитник на сребрен медал на меѓународен натпревар за млади техничари

Топло добредојде! Градоначалник на општина Берово Драги Наџински..

Осмо одделенецот Андреј Бубевски од Берово добитник на сребрен медал на меѓународен натпревар за млади техничари

Општина Берово уште еднаш покажа дека има со што да се гордее и дека образовниот систем е на едно доста високо ниво преку кое се промовира самата општина а и учениците кои допринесуваат за добивањето на оваа титула.

Имено, осмоодделенецот Андреј Бубевски од ООУ “Дедо Иљо Малешевски“ од Берово под менторство на наставникот Јован Цикарски и закрило на “Народна техика“ Берово како еден од тројцата учесници од Македонија на Меѓународниот натпревар за млади техничари кој се одржа во Белград кон крајот на јуни се врати во Берово со освоено второ место и закитувајќи се со сребрен медал.

Наградата Андреј ја освои во конкуренција од околу 20 ученици (средношколци и основци) од повеќе Европски земји претставувајќи се со својот иноваротски “Б-проект“ за кој целата презентација пред меѓународното жири ја презентираше на англиски јазик.

На овој натпревар Андреј се претстави со подобрена верзија на проектот “Ардуино контролирана лед ламба“ со којшто ги освои сите 100 можни поени на 54тиот Државен натпревар на млади техничари и природници од Р. Македонија кој се одржа на 20 април 2017 година, каде Берово може да се пофали како една од најуспешните општини со учество на 28 ученици од кои сите освоија дел од повисоките награди или пофалници.

По повод успехот на ученикот градоначалникот изврши прием на Андреј Бубевски како и претставникот на Народна Техника Берово Бистра Поп Ѓорѓиева како и еден од наставниците ментори Сузана Гашчеовска, каде градоначалникот потенцираше дека вакви успеси се гордост за општината па ќе се издвојат средства од Буџетот на општина Берово како награда за постигнатиот резултат на Андреј.

На средбата беше потенцирано дека 2016-2017 година е една од најуспешните години на Народна техника – Берово со многу награди и постигнати резултати меѓу кои се добиени признанија за жена иноватор на Сузана Гашчеовска и млад иноватор на Филип Руменовски, додека со последното второ место на меѓународно ниво се достигна врвот на достигнувањата за оваа година.

 

Претставникот од Народна техника – Берово Бистра Поп Ѓорѓиева ја искажа својата благодарност до градоначалникот на општина Берово Драги Наџински кој во изминатите години безрезервно ја даваше својата поддршка за учество на учениците на натрпреварите во државата и надвор од неа што е дел и од Монографијата која СЗТКМ ја изготви по повод 70 години од формирањето на Народна техника на Македонија.

 

 

 

 

Анализа на состојбите во социјалната заштита и социјалното вклучување на локално нивоПолитичко акциона и правна рамка за човекови права Како локалниот развој да има влијание на ситеУПАТСТВО ЗА ДОБИВАЊЕ НА ОДОБРЕНИЕ ЗА ГРАДЕЊЕ ЗА ОБЈЕКТИ КОИ ВО  РАМКИ НА ИПАРД ПРОГРАМАТА СЕ ГРАДАТ НА ГРАДЕЖНО  ЗЕМЈИШТЕ ЗА КОЕ Е ДОНЕСЕНА УРБАНИСТИЧКО-ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА

Стратегии