„Outdoor classroom day“ во ООУ „Никола Петров – Русински“
Насловна Актуелно Вести „Outdoor classroom day“ во ООУ „Никола Петров – Русински“

Топло добредојде! Градоначалник на општина Берово Драги Наџински..

„Outdoor classroom day“ во ООУ „Никола Петров – Русински“

ООУ „Никола Петров – Русински“ се вклучи во интернационалната активност на еко-училиштата која се случи на 18 мај 2017 година и има за цел да ги поттикне децата од целиот свет на учење и игра во природата.

Во активноста се вклучија учениците од повеќе одделенија со свои активности:

- прво одделение – Цртање во песок со прст или со стапче;

- второ одделение - Истражување различни видови на растенија во ограничен простор;

- четврто одделение – Како звукот патува до нашите уши (истражување – Кои материјали ги прават звуците погласни);

- петто одделение – Изработка на украси од природни материјали;

- деветто одделение – (физика) Звук: Стерео звук, читач на звук, изработка на свирки од природни материјали и ехо – локација.

 

Секој кој го доживеал влијанието кое учењето и играта на отворено ги имаат врз децата знае колку можат да бидат моќни таквите искуства. Учење на отворено создава трајни сеќавања, помага да се изгради поголема свест за животната средина и создава можности за самостојно мислење. Децата се поактивни кога играат на отворено, тоа е од суштинско значење за нивниот здрав развој и уживање на детството.

sam_9693
sam_9693
sam_9705
sam_9713
sam_9718
sam_9738
sam_9740
sam_9741
sam_9768
sam_9770
sam_9787
sam_9788
sam_9801
sam_9803
web-banner-square-336-x-280-v2

 

 

Анализа на состојбите во социјалната заштита и социјалното вклучување на локално нивоПолитичко акциона и правна рамка за човекови права Како локалниот развој да има влијание на ситеУПАТСТВО ЗА ДОБИВАЊЕ НА ОДОБРЕНИЕ ЗА ГРАДЕЊЕ ЗА ОБЈЕКТИ КОИ ВО  РАМКИ НА ИПАРД ПРОГРАМАТА СЕ ГРАДАТ НА ГРАДЕЖНО  ЗЕМЈИШТЕ ЗА КОЕ Е ДОНЕСЕНА УРБАНИСТИЧКО-ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА

Стратегии