Насловна Актуелно Вести Успешна премиера на претставата „Љубовен маратон“

Топло добредојде! Градоначалник на општина Берово Звонко Пекевски...

Успешна премиера на претставата „Љубовен маратон“

Пред публиката во салата на Бизнис инкубаторот во Берово во рамките на програмата „Берово град на културата за 2017 година“ беше изведена премиерната изведба на комедијата „Љубовен маратон“.

 

Публиката имаше прилика да види една интересна приказна за женет маж кој решава да тргне по нови животни возбудувања, изневерувајќи ја својата сопруга и побудува интересни прашања за тоа што сме   направиле во животот и на кој начин сме донеле некои одлуки.

Оваа претстава  е работена по дело на Нил Сајмон, а во режија на Никола Ристов.

За режисерот, ова е вторпат за тетарот во Штип да работи по дело на Сајмон.

Главниот лик во претставата на Берни Кешман го играше актерот Виктор Арев, додека во улогата на жените со кои тргнува во авантура играа актерките од помладата генерација на штипскиот театар – Марија Минчева, Ангелка Нашкова и Елена Шорова.

 

Следната претстава што ќе се прикажува пред публиката во Берово ќе биде на 9 Мај во 20 часот а ќе биде изведена од страна на Гестус Театар-Благоевград, Република Бугарија.

 

 

 

 

Анализа на состојбите во социјалната заштита и социјалното вклучување на локално нивоПолитичко акциона и правна рамка за човекови права Како локалниот развој да има влијание на ситеУПАТСТВО ЗА ДОБИВАЊЕ НА ОДОБРЕНИЕ ЗА ГРАДЕЊЕ ЗА ОБЈЕКТИ КОИ ВО  РАМКИ НА ИПАРД ПРОГРАМАТА СЕ ГРАДАТ НА ГРАДЕЖНО  ЗЕМЈИШТЕ ЗА КОЕ Е ДОНЕСЕНА УРБАНИСТИЧКО-ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА

Стратегии