Дечињата воодушевени од театарската претстава ,, Дедо е секогаш во право,,
Насловна Актуелно Вести Дечињата воодушевени од театарската претстава ,, Дедо е секогаш во право,,

Топло добредојде! Градоначалник на општина Берово Драги Наџински..

Дечињата воодушевени од театарската претстава ,, Дедо е секогаш во право,,

Театарската претстава за деца ,,Дедо е секогаш во право,, се реализира како дел од активностите на програмата Берово ГРАД НА КУЛТУРАТА за 2017 година  кои ги организира Општина Берово во соработка со Министерството за култура.

 

Театарската претстава испрати силна порака кај дечињата но и кај повозрасната публика, дека  најважно во животот  е да се има љубов , меѓусебна почит и разбирање со  оној со кој го делите животот а се друго може да се постигне , купи и добие.

Пред полна сала дечиња глумците од  Драмскиот театар ,,Ацо Шопов,, од  Штип имаа прекрасна премиерна  изведба во која дечињата уживаа, ракоплескаа, играа пееја и се забавуваа.

Ликот на дедото го играше Раде Рогожаров, магионичарот -  Мирко Голомеов, а бабата и продавачка- Елица Арева.

Тоа е само еден дел од настаните кои ќе се одржат во месец мај во  рамките на програмата Берово ГРАД НА КУЛТУРАТА за 2017 година . Следуваат многу културни претстави, театри, разни музички фестивали и слично.

 

dsc_0002
dsc_0002
dsc_0005
dsc_0016
dsc_0023
dsc_0030
dsc_0033
dsc_0039
dsc_0046
dsc_0047
dsc_0076
dsc_0083
dsc_0088
dsc_0099
dsc_0105

 

 

Анализа на состојбите во социјалната заштита и социјалното вклучување на локално нивоПолитичко акциона и правна рамка за човекови права Како локалниот развој да има влијание на ситеУПАТСТВО ЗА ДОБИВАЊЕ НА ОДОБРЕНИЕ ЗА ГРАДЕЊЕ ЗА ОБЈЕКТИ КОИ ВО  РАМКИ НА ИПАРД ПРОГРАМАТА СЕ ГРАДАТ НА ГРАДЕЖНО  ЗЕМЈИШТЕ ЗА КОЕ Е ДОНЕСЕНА УРБАНИСТИЧКО-ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА

Стратегии