Насловна Актуелно Вести Три тeатарски претстави во Мај во рамки на програмата Берово град на културата

Топло добредојде! Градоначалник на општина Берово Звонко Пекевски...

Три тeатарски претстави во Мај во рамки на програмата Берово град на културата

Во склоп на годишната програма за култура и манифестацијата Берово град на културата за 2017 година во големата сала на Бизнис Инкубатор Берово ќе се оддржи поредица на театарски претстави. Програмата вклучува гостување на 4 театарски групи од кои 3 македонски и една на база на пограничната соработка со општина Благоевград ќе гостува театарска група Гестус. Во месец Мај ќе бидат прикажани три претстави од кои една престава за деца.

 

3 Мај (среда) 20 часот, сала: Бизнис инкубатор


Театарска претстава „Љубовен маратон “

Драмски театар „Ацо Шопов“- Штип

Наслов на претставата: „ Љубовен маратон “

Автор: Нил Сајмон

Режија: Никола Ристов


Премиерата на комедијата „Љубовен маратон“е претстава за женет маж кој решава да тргне по нови животни возбудувања, изневерувајќи ја својата сопруга, ќе биде изведена пред публиката во Берово во рамки на манифестацијата „Берово град на културата за 2017 година“

Оваа претстава е е работена по дело на Нил Сајмон, а во режија на Никола Ристов.

За режисерот, ова е вторпат за тетарот во Штип да работи по дело на Сајмон.

– Претставата побудува многу интересни прашања за тоа што сме направиле во животот и како сме донеле некои одлуки – вели режисерот Ристов.

Главниот лик во претставата на Берни Кешман го игра актерот Виктор Арев, додека во улогата на жените со кои тргнува во авантура се три актерки од помладата генерација на штипскиот театар – Марија Минчева, Ангелка Нашкова и Елена Шорова.


3 Мај (среда) 12 часот, сала: Бизнис инкубатор


„Дедо е секогаш во право“ претстава за деца

Драмски театар „Ацо Шопов“- Штип


„Дедо е секогаш во право“ од Ханс Кристијан Андерсон е новата театарска претстава, која на 3-ти Мај премиерно ќе биде одиграна во Берово. На сцената ќе се појават магионичари, продавачи, баба, дедо кои на децата ќе им испратат една универзална порака поврзана со љубовта и меѓусебна почит.

Ликот на дедото го игра Раде Рогожаров, магионичарот Мирко Голомеов, а бабата и продавачката Елица Арева, која вели дека учеството во детска претстава е забавно, но истовремено носи и голема одговорност.

Премиерното издание на претставата „Дедо е секогаш во право" во Берово е закажано за 3-ти Мај во салата на Бизнис Инкубатор од 12 часот.


9 Мај (вторник) 20 часот, сала: Бизнис инкубатор


"Тука... на крајот на светот"

Гестус Театар-Благоевград


Авторот на претставата "Овде ... на крајот на светот" - Александар Сергеев уживање ексцентричниот прекар Алекс фон Борклунд, сеуште не е познат на нашиот гледач а овој проект ќе биде негов прв обид да стапне на нашата сцена.

Судир меѓу потребата на човекот да биде среќен и неможноста тоа да се случи е конфликт кој го предизвикува вниманието на човештвото, од тоа каков свет стравува "Овде ... на крајот на светот" не поканува на многу чудно место - на крајот на светот.

Автор: Александар Сергеев (Алекс фон Борклунд)

Режисер: Александар Галперин

Сценографија и костими: Ева на Ели Петрова

учествуваат:

Илона Господинов,

Иван Тодоров,

Игор Дамјанов

Симеон Тодоров

 

 

 

 

Анализа на состојбите во социјалната заштита и социјалното вклучување на локално нивоПолитичко акциона и правна рамка за човекови права Како локалниот развој да има влијание на ситеУПАТСТВО ЗА ДОБИВАЊЕ НА ОДОБРЕНИЕ ЗА ГРАДЕЊЕ ЗА ОБЈЕКТИ КОИ ВО  РАМКИ НА ИПАРД ПРОГРАМАТА СЕ ГРАДАТ НА ГРАДЕЖНО  ЗЕМЈИШТЕ ЗА КОЕ Е ДОНЕСЕНА УРБАНИСТИЧКО-ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА

Стратегии