Одиграни спортски игри за деца од 8 до 10 години во спортската сала “Македонски бранители“ во Берово
Насловна Актуелно Вести Одиграни спортски игри за деца од 8 до 10 години во спортската сала “Македонски бранители“ во Берово

Топло добредојде! Градоначалник на општина Берово Драги Наџински..

Одиграни спортски игри за деца од 8 до 10 години во спортската сала “Македонски бранители“ во Берово

120 дечиња на возраст од 8 до 10 години од основните училишта од Берово и Пехчево беа дел од спортскиот настан “Спортот и семејните вредности“ кој се одржа во спортската сала “Македонски бранители“ во Берово.

Проектот го реализира Агенцијата за млади и спорт и Сојузот на спортски федерации на Македонија во соработка со Општините Берово и Пехчево и има за цел да се промовира дружбата, забавата и спортскиот дух на семејно ниво каде дечињата поделени во 6 екипи се натпреваруваа, но пред се забавуваа за на крајот сите да бидат победници.

Децата од основните училишта од Берово и Пехчево се натпреваруваа во штафета, балансирање со топка, игра на прецизност, ракомет, фудбал и други забавни игри кои доста вешто ги играа со намерата да бидат подобри од останатите екипи.

Настанот го отвори директорот на АМС, Марјан Спасески кој изрази задоволство од масовноста и од подготвеноста на посетителите да спортуваат и низ заедничка дружба да ги промовираат спортските принципи.

Директорот Спасевски истакна дека Берово е осмата општина во Македонија каде се реализира овој проект, но ни во една општина досега немало таква радост и навивачки дух на дечињата кои со задоволство го прифатија предизвикот од игрите.

 

Дечињата освен спомените од убавото дружење, со себе понесоа и награди – подароци од покровителите, ташничка со знамето на Македонија, стегачи за рака и топки за нови спортски игри, предизвици и дружења.

dsc_0082
dsc_0082
dsc_0086
dsc_0104
dsc_0106
dsc_0130
dsc_0159
dsc_0180
dsc_0197
dsc_0200

 

 

Анализа на состојбите во социјалната заштита и социјалното вклучување на локално нивоПолитичко акциона и правна рамка за човекови права Како локалниот развој да има влијание на ситеУПАТСТВО ЗА ДОБИВАЊЕ НА ОДОБРЕНИЕ ЗА ГРАДЕЊЕ ЗА ОБЈЕКТИ КОИ ВО  РАМКИ НА ИПАРД ПРОГРАМАТА СЕ ГРАДАТ НА ГРАДЕЖНО  ЗЕМЈИШТЕ ЗА КОЕ Е ДОНЕСЕНА УРБАНИСТИЧКО-ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА

Стратегии