Насловна Актуелно Вести Реализирани 50 проценти од проектот,,Рехабилитација и проширување на канализационата мрежа во Општина Берово”

Топло добредојде! Градоначалник на општина Берово Драги Наџински..

Реализирани 50 проценти од проектот,,Рехабилитација и проширување на канализационата мрежа во Општина Берово”

Во Салата на Општина Берово одржан е месечен состанок за напредокот на проектот ,,Рехабилитација и проширување на канализационата мрежа во Општина  Берово кој е дел од активностите на Градоначалникот на Општина Берово за подобрување на инфраструктурата во општината а воедно и подобрување на квалитетот на живот.

 

На состанокот беа присутни претставници од Министерството за живнотна средина, Министерството за финансии- централна единица за финансирање на проекти од ИПА, претставници од проектната канцаларија од Општина Берово , Градежната компанија и надзорот над изведувачот на проектот.

На состанокот беа разгледани прашања во врска со  поставување матерјали и опрема, технички и финансиски прашања, здравје и безбедност при работа и прашања за напредокот на проектот.

Од состанокот е заклучено дека близу 50 % од проектот е реализирано , што е во согласност со работниот план за изведување на проектот.

Во моментот се работи на 4 локации: Смојмирово,Владимирово, Чифлик и Пехчево а од пред неколку дена се започнати градежните активности и во Берово. Се работи на проширување на мрежата за атмосферски отпадни води.

Од страна на градежната фирма се поделени летоци за информираност за одвивање на градежните активности, за таа цел и Општина Берово ги известува граѓаните да имаат разбирање во текот на изведувањето на градежните активности, со цел подобрување на квалитетот на живот и подобрување на инфраструктурата воопшто.

 

 

 

 

Анализа на состојбите во социјалната заштита и социјалното вклучување на локално нивоПолитичко акциона и правна рамка за човекови права Како локалниот развој да има влијание на ситеУПАТСТВО ЗА ДОБИВАЊЕ НА ОДОБРЕНИЕ ЗА ГРАДЕЊЕ ЗА ОБЈЕКТИ КОИ ВО  РАМКИ НА ИПАРД ПРОГРАМАТА СЕ ГРАДАТ НА ГРАДЕЖНО  ЗЕМЈИШТЕ ЗА КОЕ Е ДОНЕСЕНА УРБАНИСТИЧКО-ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА

Стратегии