Демант на Градоначалникот Наџински на лагите на Претседателот на Совет, Матеничарски
Насловна Актуелно Вести Демант на Градоначалникот Наџински на лагите на Претседателот на Совет, Матеничарски

Топло добредојде! Градоначалник на општина Берово Драги Наџински..

Демант на Градоначалникот Наџински на лагите на Претседателот на Совет, Матеничарски

Жално е што морам да демантирам личност која нема стручни квалификации за да изнесува во јавноста невистини, во однос на работењето на локалната самоуправа, т.е на мене како Градоначалник, кажувајќи дека општината е задолжена и наводно неодговорно сме работеле како локална власт, при тоа заборавајќи Јован Матеничарски,  дека и тој е половина од локалната власт во Општина Берово, како Претседател на Советот во кој мнозинството го има СДСМ.

 

Завршната сметка за 2016 година, која ја изгласаа пред неколку дена е со салдо на 31.12.2016 година од 24.253.630,00 денари или тоа значи дека на денешен датум , во моментот на сметката има на располагање, непотрошени , живи пари 24.253.630,00 денари и ако ја погледнеме спецификацијата на обврски спрема доверители која е изготвена на 28.02.2017 година со датумот на поднесување на завршни сметки , ќе видиме дека општината има обврска од 21.074.804,00 денари . Тоа значи дека Општината има вишок пари на располагање од 3.178.826,00 денари . Ова зборува дека Општина Берово е една од општините која во осумгодишниот период од моето раководење на истата  е една од најсолвентната и најликвидна Општина во Република Македонија без никакви долгови а обврските кои не се иссервисирани и состојбата на контото кон доверителите е такво  , од причина што тој истиот Матеничарски,  со неговите сопартијци ,не го донесоа буџетот на Општина Берово за 2017 година и имајќи ги парите на сметката не можевме да ги сервисираме спрема доверителите.

Јасно сакам да кажам дека недонесувањето на буџетот, го отежнува работењето на општината и другите општински институции   и можеби тоа е и целта на Мнозинството на Советот од СДСМ , да го блокира работењето и потоа да изнесуваат нови и нови лаги и невистини во јавноста.

За тоа што зборува дека Општина земала кредит е ноторна лага , зошто Општината ниту во една банка нема долг ради кредитирање , туку од доброто финансиско работење на истата, Владата на Р. Македонија, преку Министерството за финансии, додели заем со кој изградивме 7 улици со кој  исклучително се подобри сообраќајната инфраструктура во Ошптината.

Таквите бројќи што ги изнесувам , одговорно тврдам дека и во отворената расправа на самата седница му ги потврди и неговиот сопартиец, т.е. Раководителот на одделението за финансии при Општина Берово, Звонко Пекевски, но тој внесен во политиката на лаги и манипулации неможејќи да се помири со фактичката состојба и со успешното работење на Драги Наџински ,   продолжува и понатаму и сам да се заплеткува во своите лаги.

Одговорно тврдам дека Општина Берово не е задолжена и 400 тините илјади евра кои се на сметката на Општината ќе бидат користени за реализирање на проекти , веднаш штом  Советот   ќе го донесе предложениот Буџет за 2017 година.

 

 

Анализа на состојбите во социјалната заштита и социјалното вклучување на локално нивоПолитичко акциона и правна рамка за човекови права Како локалниот развој да има влијание на ситеУПАТСТВО ЗА ДОБИВАЊЕ НА ОДОБРЕНИЕ ЗА ГРАДЕЊЕ ЗА ОБЈЕКТИ КОИ ВО  РАМКИ НА ИПАРД ПРОГРАМАТА СЕ ГРАДАТ НА ГРАДЕЖНО  ЗЕМЈИШТЕ ЗА КОЕ Е ДОНЕСЕНА УРБАНИСТИЧКО-ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА

Стратегии