Оржан третиот турнир во ракомет
Насловна Актуелно Вести Оржан третиот турнир во ракомет

Топло добредојде! Градоначалник на општина Берово Драги Наџински..

Оржан третиот турнир во ракомет

Во Берово на 12.03.2017  се одигра третиот турнир во мини-лигата на Академија Металург, регион Исток. Овој турнир го организираше нашата школа “Дедо Иљо Малешевски“ од Берово, а учествуваа екипи од Делчево, Македонска Каменица, Кочани, Виница, Кратово, Кавадарци и Берово. Машките се натпреваруваа во генерации 2002/3 и 2004/5, а женските во генерација 2002/3.

Натпреварите се одржаа во салата “Македонски бранители“ во Берово, а видовме шест возбудливи и воглавно рамноправни средби, после кои беа задоволни и победниците и поразените.

Среќен сум што турнирот го организиравме на толку високо ниво. Натпреварувањето во мини-лигата на Металург е важно за развојот на ракометот во Берово и навистина сме горди што сме дел од големото семејство Металург, дел од Академијата Металург“, вели Драган Рашковски, кој ја предводи нашата школа во Берово.

На турнирот се постигнати следните резултати:

10.30 часот:  Торо Спорт Виница - Брегалница Делчево (М 2002/3)   16:11 (10:5)

11.10 часот:  Астра Спорт Каменица - Младинец Кочани (М 2002/3)   13:13 (8:8)

11.50 часот:  Дедо Иљо Малешевски - Тиквеш Кавадарци (М 2002/3)   14:24 (6:15)

12.30 часот:  Кочо Рацин Кратово - Младинец Кочани (Ж 2002/3)   17:3 (9:2)

13.10 часот:  Дедо Иљо Малешевски - Брегалница Делчево (Ж 2002/3)   16:8 (6:3)

 

13.50 часот:  Торо Спорт Виница - Астра Спорт Каменица (М 2004/5)   8:7 (5:5)

 

rakomet
rakomet

 

 

Анализа на состојбите во социјалната заштита и социјалното вклучување на локално нивоПолитичко акциона и правна рамка за човекови права Како локалниот развој да има влијание на ситеУПАТСТВО ЗА ДОБИВАЊЕ НА ОДОБРЕНИЕ ЗА ГРАДЕЊЕ ЗА ОБЈЕКТИ КОИ ВО  РАМКИ НА ИПАРД ПРОГРАМАТА СЕ ГРАДАТ НА ГРАДЕЖНО  ЗЕМЈИШТЕ ЗА КОЕ Е ДОНЕСЕНА УРБАНИСТИЧКО-ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА

Стратегии