ТППЕ Берово одржа едукативни предавања за учениците од ООУ “Дедо Иљо Малешевски“
Како дел од превентивните делувања за заштита од пожари и годишните програмски активности, ТППЕ Берово во координација со училиштата во Општина Берово континуирано одржува едукативни предавања за учениците.
Во таа насока, учениците од осмо и деветто одделение од ООУ “Дедо Иљо Малешевски“ од Берово во кругот на ТППЕ Берово беа запознаени со работењето на територијалната противпожарната единица во Берово и опремата со која располага истата.
Од страна на вработените во единцата беше извршена теоретска обука и практична вежба со противпожарен апарат S9 со упатство за негова употреба и делување во услови на пожар.
На ова едукативно предавање од страна на командирот на ТППЕ Димитар Букушовски беше потенцирано дека сите треба да внимаваме при употреба на оган за да се избегне можноста од пожари кои можат да донесат доста големи материјални штети.
Овие едукативни предавања продолжуваат и во понатамошниот период со што ќе бидат опфатени и останатите училишта како и поголемите правни субјекти во општината.