Демант на Градоначалникот Наџински на изјавата на Матеничарски
Насловна Актуелно Вести Демант на Градоначалникот Наџински на изјавата на Матеничарски

Топло добредојде! Градоначалник на општина Берово Драги Наџински..

Демант на Градоначалникот Наџински на изјавата на Матеничарски

“Незнам каков прес одржал Господинот Матеничарски како претседател на Советот на Општина Берово и претседател на Социјалдемократскиот сојуз во Општина Берово , но знам дека сите проекти кои ги реализираме како ВМРО – ДПМНЕ  потврдуваат за една невистинита  приказна  изјавена  од негова страна, неможејќи да се помири со проектите кои никогаш не биле реализирани во поголем број.

Што се однесува до кредитите за кои тој зборува, тоа се безкаматни заеми кои ни овозможуваат да си го разубавиме градот и да ги реализираме и те како потребните проекти.

Берово е видно изменето и во Берово се случуваат настани повеќе од било кога, а со сето тоа што го правиме го зголемуваме туристичкиот потенцијал и тоа резултира  со се поголемиот број туристи кои доаѓаат да не посетат   и повторно се враќаат после добриот впечаток.

 

Едно големо благодарам  за сето тоа што ме пофали дека во моментот се реализира а тој го најави како недостаток за Берово и да биде сигурен дека сите тие проекти се веќе во тек и наскоро ќе бидат целосно реализирани.“

 

 

Анализа на состојбите во социјалната заштита и социјалното вклучување на локално нивоПолитичко акциона и правна рамка за човекови права Како локалниот развој да има влијание на ситеУПАТСТВО ЗА ДОБИВАЊЕ НА ОДОБРЕНИЕ ЗА ГРАДЕЊЕ ЗА ОБЈЕКТИ КОИ ВО  РАМКИ НА ИПАРД ПРОГРАМАТА СЕ ГРАДАТ НА ГРАДЕЖНО  ЗЕМЈИШТЕ ЗА КОЕ Е ДОНЕСЕНА УРБАНИСТИЧКО-ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА

Стратегии