Насловна Актуелно Вести Берово ќе биде центар на културни настани во 2017 години

Топло добредојде! Градоначалник на општина Берово Звонко Пекевски...

Берово ќе биде центар на културни настани во 2017 години

Берово ќе биде центар на културните настани во Македонија, како град на културата за 2017 година, истакна денеска во Берово, министерката за култура Елизабета Канчевска Милевска по работната средба која ја оствари со градоначалникот Драги Наџински.

 

Меѓу другото таа истакна дека Берово го заслужува лоби епитетот “Град на културата“ токму затоа што е град кој се посветува на традицијата, обичаите и занаетот и кој години наназад  ја негува традицијата  и се надева дека  со доделувањето на титулата “Град на културата“ за 2017 година свој допринес во негувањето на истата ќе даде и Министерството за култура.

Најавени се многу настани од културни претстави, театри, разни музички фестивали кои ќе започнат кон среднината на наредниот месец,  а посебен акцент во рамките на програмата ќе им се даде и на креативните уметници .

“Како Министерство за култура ме радува што во рамките на туризмот во Берово и досега имаше настани и манифестации кои ја обележуваа нашата традиција и посебна благодарност до самата Општина, Градоначалникот и неговиот тим за кои во оваа прилика сакам да истакнам дека доста работат на културниот развој и на одржување на тој културно традиционален потенцијал’’ - истакна Канчевска Милевска.

Градоначалникот Драги Наџински рече дека она што Општина Берово го доби е заслужено и ќе биде обврска во иднина да го реализираме и да ја збогатиме културната програма а со тоа да продолжиме да работиме за развојот на туризам.

Во рамките на својата посета на Општина Берово, Министерката за култура  го посети и манастирскиот комплекс свети Архангел Михаил, кој оваа година влезе во еден голем проект во рамките на Министерството за култура  и Владата на Република Македонија, при што во текот на првата фаза,  кровот на манастирскиот комплекс е целосно променет,  а во рамките на втората фаза ќе бидат консолидирани столбовите на црквата и ќе се работи на зачувување на оригиналниот ентериер кој датира од 1818 година кога е изградена црвквата и чија оригиналнот е се уште препознатлива.

200 годишниот јубилеј во 2018 година манастирскиот комплекс ќе го дочека целосно обновен со што ќе докажеме дека како Македонци си ја негуваме традицијата и сакаме да ја зачуваме Македонската култура.

Инаку манастирот Архангел Михаил е единствениот манастир во Република Македонија каде што се изработуваат мозаици,  дури се планира во иднина да се работи на отворање на училиште за млади деца, кои ќе учат да прават мозаици - истакна игуманија сестра Синклитикија.

 

Преку обновата на манастирскиот комплекс и со добивање на лоби епитетот “Град на културата“ Берово оваа година ќе биде навистина  прекрасно место со голем туристички потенцијал.

 

 

 

 

Анализа на состојбите во социјалната заштита и социјалното вклучување на локално нивоПолитичко акциона и правна рамка за човекови права Како локалниот развој да има влијание на ситеУПАТСТВО ЗА ДОБИВАЊЕ НА ОДОБРЕНИЕ ЗА ГРАДЕЊЕ ЗА ОБЈЕКТИ КОИ ВО  РАМКИ НА ИПАРД ПРОГРАМАТА СЕ ГРАДАТ НА ГРАДЕЖНО  ЗЕМЈИШТЕ ЗА КОЕ Е ДОНЕСЕНА УРБАНИСТИЧКО-ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА

Стратегии